Подготвени сте да бидете пријатели со бившиот?
Некои девојки велат дека е „кул“ да се биде пријателка со бившото момче, а некои не разбираат зошто би требало да го трошите времето со него. Во која категорија спаѓате вие?
Според одговорите на овие прашања проверете колку навистина сте подготвени за нешто такво или само сакате да го држите во своја близина.
1. Дали ви пречи кога флертува со други?
Можеби навистина верувате дека би можеле да се дружите со бившиот, но ако ви се крева косата при помислата дека бакнува некоја друга или дека влегол во нова врска, тогаш попаметно е да се повлечете. Очигледно дека вашите чувства кон него не се баш пријателски.
2. Неговата девојка страшно ве нервира
Девојката е сосем природна, нормална и паметна, но вас ве нервира и не можете да ја поднесете. Во тој случај, очигледно е дека сè уште го сакате, без разлика дали сакате да го признаете тоа или не.
3. Се дотерувате пред секоја средба
Кај пријателите одите и по пижами, но кога ќе се договорите со него никако не пропуштате да облечете нешто што сметате дека ви стои најдобро и барем малку да се нашминкате. Сигурно некаде длабоко во потсвеста ви стои надежта дека има шанси да се смирите.
4. Чекате да се предомисли
Ако цело време длабоко во себе во себе чекате да се предомисли и сфаќате дека сте идеален пар, не можете да бидете пријатели. Во тој случај, најдобро е да се тргнете од него и да си најдете друго друштво – полесно ќе сфати дали му недостигате, доколку не сте постојано во негова близина.