Кој вели дека врска на далечина не може да успее?

Ако досега ви зборувале дека врските на далечини се склони кон неуспех, тогаш време е да го знаете спротивното.koj-veli-deka-vrskata-na-dalecina-ne-moze-da-uspee-1

Врските на далечина понекогаш умеат да предизвикаат голема главоболка и кај двајцата партнери, но никој не може да тврди дека тие се осудени на пропаст. Многумина од нас стојат настрана од овие врски, токму поради тоа што сметаат дека можат да им ја предвидат иднината.

Но, има и такви двојки кои ризикувале и успеале да ја одржат својата врска.

Врските на далечина можат да бидат далеку поуспешни од која било друга врска, а погледнете и зошто:

1. Никогаш нема да си досадите еден на друг

Кога сте со некого во врска и кога живеете блиску обично планирате секојдневни излегувања, кои со текот на времето навистина можат да бидат здодевни. Понекогаш сите посакуваме малку простор и слобода, зарем не? Тоа е она што ви го нудат токму овие врски на далечина. Вие навистина ќе уживате во секој заеднички миг и поради ретките средби никогаш нема да ви биде здодевно и секогаш ќе имате многу теми за разговор.

2. Вие навистина сакате да останете заедно

Штом сте се одлучиле на ваков чекор и да бидете илјадници километри разделени, тогаш вие навистина планирате некаква иднина и посакувате да останете заедно. Запомнете, љубовта не се искажува само со зборови или бакнежи, прегратки туку и преку дела. Нема поголем доказ дека на некого му значите ако сѐ уште сака да останете заедно покрај сите километри кои ве делат.

3. Повеќе труд

Една од најголемите причини зошто врските на далечина успеваат е токму трудот кој го вложувате во нејзиниот опстанок. Вие можеби не се гледате секој ден, но преку најразлични начини се трудите да ја одржите вашата врска и тоа е рецепт за успешност.koj-veli-deka-vrskata-na-dalecina-ne-moze-da-uspee-2

4. Вистинска љубов

Можеби во моментот не сте свесни, но далечината ви е доказ за вистинска љубов. За разлика од останатите двојки кои веднаш се договараат да излезат со цел да се видат, вие се договарате со денови однапред да се слушнете на skype барем еден час. Доколку ги одбивате сите други момци односно девојки само за да се слушнете на skype со партнерот/партнерката, тогаш станува збор за вистинска љубов.

5. Поголема комуникација

Предноста која оваа врска ја има, во однос на другите е поголемата комуникација. Со текот на времето двојките кои секојдневно се гледаат немаат многу теми за разговор, а сите знаете колку е важна комуникацијата во една врска. Она што е голема предност во врските со далечина е што вие едвај чекате да се сретнете за да разговарате на илјадници теми и да раскажете уште толку случки.

6. Сексот е интересен

Кога помислуваме на врски на далечина првото прашање кое го поставуваме гласи „Што со сексот?”. Она што овие парови најчесто го прават е праќање на секси пораки кои им помагаат полесно да го дочекаат оној момент на средба. На тој начин двојките си докажуваат дека мислат еден на друг во текот на деновите кога се спречени да се чујат.

7. Постои иднина

Додека сите мислат дека нема никаква иднина за овие врски, паровите веќе ги кројат своите планови. Тие со текот на времето разговараат и се договараат кој од нив да го промени местото на живеење, размислуваат за брак, деца и сѐ она што во другите врски претставува долг и сложен процес, овие двојки го решаваат за помалку од година дена.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg