Носталгична сум кога ќе се сетам на „старите” љубовни состаноци
Кога ќе ја погледнам моменталната сцена на љубовните состаноци, понекогаш навистина станувам носталгична за оние традиционални средби.
Како што времето поминува, состаноците стануваат се повеќе проблематични и комплицирани, зарем не е така?
Зар не посакувате понекогаш да се вратите назад во времето и да го помирисате оној мирис на вистински љубовен состанок, кој не се состои од допишување преку смс пораки?
Она што навистина ми недостига е додворувањето. Кога момците навистина вложуваа труд да се допаднат на некоја девојка. Тие навистина знаеја како да освојат девојка и да бидат романтични. Не велам дека веќе не постои, но состаноците на вечера или кино навистина стануваат реткост.
Некогаш навистина ми недостигаат разговорите лице во лице. Можеби социјалните мрежи веќе одамна ја исфрлија сцената на состаноците и сметајќи дека е така поедноставно забораваме да излеземе и да се видиме.
Посакувам директни прашања, како порано кога луѓето навистина беа отворени и не се сокриваа зад своите фотографии и профили. Луѓето порано беа подиректни и веднаш пристапуваа некому, бидејќи и друг начин не можеше да се замисли.
А пак танцувањето? Порано луѓето не се срамеа да танцуваат цела ноќ и момците секогаш покануваа девојка на танц во клубовите, што сега ретко некоја девојка тоа да го доживее. Никој не седеше со своите мобилни телефони, туку луѓето се запознаваа и разговараа меѓу себе.
Можеби најмногу од сѐ носталгична сум кога ќе се сетам на тоа како момците ги испраќаа своите девојки до нивниот дом, со цел да добијат бакнеж и да бидат сигурни дека нивната сакана пристигнала безбедно дома.
Нели ви недостига некој да се однесува кон вас како кон вистинска дама? Мене да.