Раскинавте со партнерот? Не е крај на светот, има и нешто добро во тоа!

Раскинавте со партнерот? Се чувствувате несреќно? Супер! Тоа ќе ви помине за кратко, но бенифициите кои ќе ги уживате неколку денови после раскинувањето се незаменливи, а ова се само неколку од нив.

raskinavte-so-partnerot-super-1

Смирени чувства – иако после раскинувањето се чувствувате ужасно, посебно доколку врската била долга, верувајте во изреката дека времето лечи сè. Така ќе се соземете побрзо и вашите чувства ќе бидат смирени, а вие ќе бидете подготвени за нова љубов.

Повеќе време за вас – сте немале време да прочитате добра книга или да изучувате странски јазик поради вашата врска. Сте поминувале премногу време со партнерот и сега конечно имате слободно време само за вас. Искористете го максимално и посветете се на себеси.

Флертување – сите луѓе се склони кон флерт. Инстинктот кој се буди кај секој човек го тера да флертува, но кога е во врска си го скратува тоа задоволство да ласка и да му биде ласкано. Доколку и вие сте биле една од овие личности време е да се здружите повторно со флертот. Докажано е дека само едно флертување ќе ве направи да се чувствувате секси и посакувано после раскинувањето.

raskinavte-so-partnerot-super-2

Повеќе журкање – доколку вашиот партнер бил љубоморен сигурно журкањето ви било на некој начин забрането. Сега конечно може да ги прекршите правилата и да не испуштите ниедна журка со вашите пријатели.

Секс за една вечер – секој барем еднаш во животот посакал да има секс за една вечер. Раскинавте со долгогодишниот партнер, зошто да не го доживеете ова возбудливо искуство?

Уживање во пороците – партнерот ве терал да се откажете од цигарите или алкохолот во кои сте уживале. Повторното уживање во пороците е една од бенефициите кои ќе ги уживате после крајот на врската.

Без контрола – излегувате со своите пријатели, но телефонот не заsвонил цела вечер. Тоа е затоа што сте сингл. Чувството на слобода кое ќе го имате е незаменливо.

raskinavte-so-partnerot-super-3

Што би направиле вие по раскинувањето?

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg