Ова се четирите најмоќни женски ерогени зони
Иако стручните лица секојдневно ги советуваат мажите како максимално да ја задоволат својата партнерка, новите откритија и информации се секогаш добредојдени.
Овој пат, тие ги открија четирите најмоќни ерогени зони.
Задниот дел од вратот
Вратот е веќе добро позната и честа ерогена зона кај жените, но подрачјето веднаш под завршетокот на главата е местото каде треба да се посветите. Нежните бакнежи ќе ја загреат, а топлиот здив ќе ја наежи од глава до пети.
Долниот дел од грбот
Нежните допири на долниот дел од грбот се пријатни, но ако овој дел го поминете со влажни усни, тоа ќе и овозможи двојно поголемо задоволство. Можеби звучи чудно, но жените обожаваат кога се бакнувани веднаш над задникот.
Долниот дел од стомакот
Поголем дел од жените доживуваат еротско задоволство кога партнерот нежно им го бакнува долниот дел од стомакот. Доколку никогаш не сте се обиделе да ја возбудите на ваков начин, пробајте пред да коментирате. Ефектот може да ве изненади.
Внатрешниот дел од бутовите
Некои жени се возбудуваат на допири на стапалата, некои пак зад колениците. Сепак, со ниту една жена нема да погрешите кога ќе ја допрете за внатрешниот дел од бутовите. Колку повеќе се приближувате до интимниот дел, толку повеќе возбудата расте. Затоа, следен пат изненадете ја!