Дознајте повеќе за вашиот партнер

Не сите луѓе се еднакви, па така некои од самиот почеток на врската се отворени и искрени, додека пак за другите мора повеќе да се трудите за да извлечете нешто повеќе за нив.

doznajte-povekje-za-vashiot-partner-01

Можеби сте веќе подолго време заедно, но сепак чувствувате дека нешто недостига, тоа се токму оние делови од сложувалката за кои партнерот не сака да зборува.

Иако можеби ќе се чинат безначајни, сепак одвојте време за овие ситници, бидејќи така може да дознаете многу за карактерните особини на еден човек.

Споделувајте ги вашите соништа, размислувајте гласно за тоа каде сакате да бидете за 10 години. На тој начин ќе можете да изнајдете пат за да ги споите вашите планови и да обезбедите стабилна иднина на вашата врска. 

Спомените, случките и доживувањата од минатото се доказ за довербата која ја градиме целиот живот. Раскажувајте за некои случки без разлика дали се добри или лоши и споделете го вашето животно искуство. 

Покажете интерес кон неговите страсти и одвојте време за да дознаете многу повеќе за она што сака да го прави. Доколку има страст кон фудбалот, гледајте барем неколку натревари заедно. На тој начин ќе видите и некоја друга негова страна. 

doznajte-povekje-za-vashiot-partner-1

Заедничкото хоби може да биде одличен начин за запознавање на доблестите и скриените маани на партнерот. Така ќе го видите во едно поинакво светло и ќе можете да дознаете колку неговиот интерес се задржува во одредена работа, неговото трпение, сериозноста и слично. 

Ноќите без секс може да бидат исто толку одлични. Па, наместо во кревет, фрлете се малку на зборување. Смислете однапред теми со кои ќе му го задржите вниманието и разговарајте. Запомнете, вашиот партнер треба да ви биде и ваш најдобар пријател. 

За една врска да биде успешна, мора да вложите многу труд, но на крајот секогаш вашиот труд ќе биде вреднуван. Обрнувајте внимание на вистинските вредности и учете повеќе за себе и партнерот. 

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg