Како ќе изгледа романтичниот состанок ако мажите и жените си ги сменат улогите?
Често сакаме да може за момент да си ги замениме улогите, па барем на еден ден жените да бидат мажи, а мажите жени.Tоа се посакува сè повеќе особено затоа што не се случува. Сигурно секој барем еднаш помислил што би правел, само ако е маж или жена.
Жените посакуваат да бидат мажи кој јадат многу, пијат пиво и не бројат калории или одат по продавници и брзо одлучуваат што ќе купат или мажи кои секогаш се расположени за секс.
Мажите, пак, посакуваат да видат како размислуваат жените, што е тоа што ги прави толку романтични и вљубени.
Еднаш и тие да дочекаат некој да ги бара, да им се јавува, да го направи првиот чекор, па дури и да дочекаат да бидат запросени со прстен, а не само тие да треба да прават сè, додека жените само се смешкаат.
Токму таква можност и сменети улоги може да погледнете во ова видео:
Откако видовте како изгледа, што би сакале да бидете повеќе, маж или жена?