Ситни и невини лаги кои мажите сакаат да ги чујат

Сѐ додека вашето срце и душа се искрени, можете да си дозволите да излажете со вашиот ум и тело. Ситните и невините лаги кои мажите сакаат да ги чујат не само што ги охрабруваат во врската, туку и ве зближуваат обајцата.

sitni-i-nevini-lagi-koi-mazite-sakaat-da-gi-cujat-01

Затоа девојки, дозволена ви е умерена употреба на овие лаги со цел да го расположите и развеселите вашиот партнер и најважно од се да го задржите блиску до вас

1. „Те молам“,  „Извини“, „Прости ми“

Трите магични зборови кои прават чуда. Со овие зборови ги искажувате вашите манири кои веднаш ве раздалечуваат од девојките на кои тој можеби навикнал. Употребувајте ги дури и кога тој не е во право и кога не сте згрешиле.

2. Умееш да ме насмееш

Дури и кога шегата не е добра, насмејте се и кажете му дека секогаш умее да ве насмее. Мажите секогаш се трудат да ги насмеат девојките и повеќе од сѐ им е потребно ова признание.

3. Различен си од другите

Со ова тие се чувствуваат избрани, различни, уникатни, зарем уште да набројуваме? Оваа реченица е полн погодок.

4. Со тебе се чувствувам убаво

Вие секако дека се чувствувате убаво покрај него, но дали некогаш гласно сте го кажале тоа? Не? Тогаш, што чекате?

5. Мислам на тебе

Случајна порака во случајно избрано време која ја има содржината „мислам на тебе”.  Сигурно и вас ви е убаво кога некој ќе ви каже дека непрестано мисли на вас. 

6. Си поминав прекрасно

На крајот од ноќта изјаснете се колку прекрасно сте си поминале баш поради тоа што сте биле заедно.

7. Ме правиш да се чувствувам...

Убаво, интересно, среќно, невообичаено, забавно, удобно...бидете слободни во изборот кажете му како се чувствувате. Мажите сакаат емоции.

Имате ли и вие ваши ситни и невини лаги кои вредат да бидат кажани и кои се тие? 

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
6 причини зошто жените наоѓаат љубовници, според терапевт Најчесто кога се зборува за неверствата се верува дека мажите наоѓаат љубовници ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg