Заборавете на предрасудите - разведените мажи можат да бидат одлични партнери
Бракот може да заврши од разни причини, а тоа не секогаш значи дека мажот бил неверен, како што најчесто се мисли.
Доколку погледнете од другата страна, луѓето кои веќе биле во брак имаат понапредни, пореални и подлабоки размислувања и чувства кога станува збор за љубовта и врските.
Сѐ уште се сомневате дека разведените мажи можат да бидат одлични партнери?
После овие неколку причини можеби ќе го смените мислењето.
1. Тие се свесни дека треба да прифатат промена
Мажите кои го „искусиле” разводот се подготвени за промената со цел да стапат во здрава и среќна врска.
2. Комуникација и соработка
Тие се спремни за секаква соработка кога станува збор за идна врска или брак. Секогаш се подготвени да ги искажат своите чувства и мислења, без разлика на било што.
3. Подготвени за нова врска
Нема воопшто да се двоумат. Овие мажи не сакаат да го губат времето, туку тие повторно се подготвени за нов свеж почеток. Искуството е нивниот учител и тие знаат што е потребно за да изградат здрава врска или брак.
4. Искреноста на прво место
Разведените мажи уште на почетокот настапуваат искрено и самоуверено. Доколку сакаат врска, тие без двоумење ќе ви го кажат тоа. Секогаш ќе знаете „на што сте” и по кој правец се движите со вашиот партнер.
5. Финански независен
Овие мажи веќе имаат изградено независен живот и повеќето од нив веќе имаат своја кариера. Тоа значи дека тие се повеќе од подготвнени за втора шанса во бракот.
6. Ги почитува вашите потреби
Тој е спремен на секаков компромис и несомнено ќе ги почитува и цени вашите потреби.
Секој од нас може да „заглави” во погрешна врска или брак, но секој човек заслужува втора шанса без разлика на неговото минато.
Кое е вашето мислење? Дали би започнале врска со разведен маж?