Сите лекции од раскинувањето: Во животот не го добиваме секогаш она што го заслужуваме
Љубовта може да ве научи на многу нешта во животот, но, сепак најдобар учител е раскинувањето. Никогаш не знаете колку сте богати и што имате додека не го изгубите. Скршеното срце е најдобар животен учител.
Доколку научите дека секоја загуба во животот па така и на една емотивна врска прифатете ја како едно ново искуство и прилика да научите повеќе за себе и животот. Нема да ви падне толку тешко.
Физичката болка не е најсилна
Кога сте емоционално повредени тоа знае да заболи многу повеќе од кој било удар. За физичката болка имаме можност и да земеме лек, но за емоционалната, не. Единствен лек е времето. Кога некој првпат ќе ни го скрши срцето ја дознаваме ваквата болка и сфаќаме дека ни тоа не е толку страшно и дека ќе помине со текот на времето.
Во животот не го добиваме секогаш она што го заслужуваме
Кога ќе се заљубите, се фокусирате на таа личност толку многу, што речиси и ништо друго не можете да мислите. Ја сакате само за себе, сега и веднаш. Но, потоа се случува да сфатите дека таа личност не ги дели истите чувства кон вас и се разочарувате. Добрата работа во сето тоа е што кога еднаш ќе го преживеете тоа , сфаќате дека е сосем нормално понекогаш и да не го добиете она што го сакате. Продолжете понатаму.
Љубовта не е секогаш љубов
Многу луѓе знаат да ја помешаат љубовта со опсесијата или привлечноста. Можеби некој само физички ве привлекува или чувствувате страст кон таа личност. Тоа е сосема во ред . Некогаш луѓето имаат потреба само да бидат интимни со некој, без подлабоки чувства.
Љубовта може да го извлече и најлошото од луѓето
Станувате љубоморни, посесивни, опседнати? Во некои моменти не можете ни сами себе да се препознаете. До вчера сте биле безгрижна личност, насмеана и полна со позитивна енергија , а откако сте се заљубиле често и од самите себе се плашите. Само опуштете се.
Животот продолжува понатаму
Кога и да ви оди добро или лошо, запомнете дека и тоа ќе помине. На многу работи им е потребно само малку време за да си дојдат на своето.