8 работи кои не треба да ги правите кога сте во врска
Постојат неколку правила кои сите барем еднаш ги прекршуваат кога влегуваат во врска. Ова се 8 од нив кои ќе ви покажат како да останете самостојна и среќна личност, а сепак да уживате во врската.
1. Не се откажувајте од вашите соништа
Никој не ви помогнал да ги изградите, зошто тогаш да се откажете од вашите соништа само бидејќи сте пронашле личност која го прави вашиот свет розов.
Почитувајте го ова правило и пробајте да ги остварите вашите соништа заедно со партнерот.
2. Не ги менувајте вашите вредностите во животот
Порано сте сакале да носите алишта во црна боја, но вашиот партнер ви сугерира дека таа боја не ви стои. Истото се случува со секој друг избор во важиот живот. Не дозволувајте вашиот партнер да одлучува кои вредности треба да бидат важни за вас.
3. Не започнувајте диета
Доколку партнерот ве засакал какви што сте, не пробувајте да се смените за да му се допаднете повеќе.
Започнете диета само доколку вие самите не сте задволни од вашиот изглед или доколку сакате да почнете здрав живот со здрава исхрана.
4. Не го запоставувајте пријателството
Многу личности кога ќе влезат во врска, ги запоставуваат своите пријатели. Забораваат кој бил до нив кога биле сами.
Не правете ја оваа грешка. Најдете време за вашиот партнер и за вашите пријатели.
5. Не глумете дека сте нешто што не сте
Посакувајќи да одговарате повеќе на профилот и имиџот на вашиот партнер, станувате сосема друга личност. Едноставно глумите улога која не ви одговара.
Бидете свои, само така ќе го задржите партнерот и ќе го оправдате мислењето на другите за вас.
6. Не дозволувајте партнерот да ве контролира
Вашиот партнер постојано ви наредува или ви поставува правила? Веднаш известете го дека не е ваш родител. Вие сте самостојна, независна и прекрасна личност на која не треба да и се кажува како да се однесува или што да прави.
Дајте му дознаење на партнерот дека не смее да ве контролира. Доколку не го прифати тоа, откачете го.
7. Без притисок за брак или деца
Постојат различни карактери кои имаат различно гледиште за тоа како треба да изгледа една врска. Едно од тие гледишта е откако ќе помине извесен период, врската треба да премине во брак и да се оствари потомство.
Доколку не се чувствувате подготовки за ваков чекор, не дозволувајте партнерот да ве притиска со идејата за брак и деца.
8. Не си дозволувајте да бидете малтретирани
Никогаш не дозволувајте да бидете малтретирани! Без разлика дали станува збор за психичка или физичка тортура, вашиот партнер не е никој за да ве малтретира. Доколку ова ви се случува, веднаш реагирајте.
Откачете го на фин начин за да избегнете конфликт. Доколку тоа не успее, секогаш постои друго, построго решение.