Неколку начини како да ја надминете љубомората
Колку и да имаме доверба во нашиот партенер, секогаш постои ситуација каде се јавува љубомората. Во секоја врска или брак, нормално е да постои љубомората во онаа блага форма. Но што кога таа прераснува во стрес и оди дотаму и ја уништува врската или пак бракот?
Во продолжение, прочитајте неколку начини на кои би можеле да ја надминете љубомората:
1. Заборавете на поранешните искуства - доколку еднаш сте изгубиле доверба не значи дека повторно ќе се случи тоа. Доколку во сите партери си барате причина за љубомора, тогаш запрашајте се себеси зошто е тоа така.
2. Не избрзувајте - дури и ако сте слушнале нешто, не донесувајте заклучок веднаш. Обично луѓето зборуваат сешто, па затоа најпрвин дознајте ја вистината.
3. Комуницирајте отворено - и вашата врска ќе дожививее процут. Доколку отворено кажете што ви пречи и обајцата си поставите некои граници, сè додека ги почитувате нема да имате потреба за љубоморни сцени.
4. Советувајте се од двојките кои се заедно подолго време - проучете го начинот на кои тие комуницираат меѓусебе, начинот на кои се поврзуваат, колку често се слушаат и слично. Преку нивните постапки и совети, со сигурност ќе изградите здрава врска.
5. Почитувајте се себе - љубомората најмногу се појавува поради тоа што не се цениме себе доволно. Вреднувајте се повеќе и минимизирајте ја љубомората со тоа што ќе се насочите кон други активности.
Не се обидувајте да ја исфрлите целосно љубомората од вас, сепак нејзиното постоење е доказ за здрава врска. Имајте на ум дека љубомората ја насочуваме кон личности кои не би сакале да ги изгубиме во ниеден случај.