Избегнувајте монотон секс
Ако се прашувате дали сте добри во сексот или не, запрашајте се кога последен пат добивте комплимент. Кога премалку се пофалби или воопшто...
...ги нема, најдобро е партнерот да го прашате што мисли за вас.
За сексот секако треба да се разговара и впрочем тоа е еден од начините за да се постигни квалитетен секс. А најдобар показател е изразот на лицето на партнерот непосредно по сексот.
Дали сексот е доволно жежок?
За сексот да е добар мора да е полн со фантазија, а не секојдневен и досаден. Добриот секс почнува со предигра и завршува со пост-игра, бидејќи токму тоа му дава вовед и заклучок.
При тоа секако не е нужно предиграта да значи постојано орален секс.
Предиграта може да биде само поглед, заведување или допирање на телата на вистинските места.
Кога ќе настапи оргазам, сеуште не е крај на сексот. Пост-играта вклучува милување, нежни бакнежи и комплименти.
Добар знак дека сте добри во сексот е и тоа дали вашиот партнер е гласен, односно од него да извлекува длабоки и диви воздишки.
Најдобар знак дека сте добар љубовник или љубовница е тоа што партнерот повторно се враќа во вашата постела и дека не може се засити.
Кога со малку ваша иницијатива во него ќе ја разбудите животинската потреба, тоа секако е потврда дека во сексот го излудувате.
Несебичност
Најдобрите љубовници во кревет никогаш не се себични и водат сметка за својот партнер колку и за себе.
Тоа значи дека многу добро ги познаваат неговите желби и му ја исполнуваат фантазијата и добро да го знаат неговотот тело односно точно ги познаваат оние точки од телото каде најмногу партнерот се возбудува.
Мжите треба да се свесни дека некои девојки или жени имаат потреба од подолго возбудување односно загревање. Додека некои сакаат повеќе од еден оргазам.
Експериментирање
Добриот љубовник или љубовница никогаш не е на една досадна сексуална рутина, секогаш истражува нови работи.
Со богат сексуален живот во кој секогаш се случува нешто ново и каде одвреме навреме се појавуваат некои изненадувања, партнерите никогаш нема да се пожалат на монотонија.
Менувајте ги позите, дозволете си секс во бањата, приредете изнанадување со секси долна облека, користите сексуални помагала, немојте да го правите тоа само во кревет или дома, вмешајте ја храната и преливите во сексот, играјте различни улоги.
Некогаш бакнувајте се полека некогаш бидете погруби, за време на сексот зборувајте валкани зборови и никако немојте да поставувате граници.
Тогаш вашиот секс ќе биде жежок,полн со лудило и страст. Па пробајте!