8 најдобри места за секс набрзина
Сексот набрзина е како пица - брз, добар, сите го сакаат и секој би требало барем еднаш да го проба. Тоа е совршен начин за повторно да ја разгорите страста во долгата врска и да се забавувате.
Но, на таквиот секс не му е место во спалната соба. За да биде возбудлив и забавен, пробајте брз секс на некое или на секое од следниве места:
Кујна
Ако сте мислеле дека кујнската работна маса служи само за сечкање и готвење, се лажете. Кујната е како создадена за секс набрзина, пред појадокот.
Бања
Тргнавте на туширање? Одлично, повикајте го и партнерот да ви се придружи за атмосферата да биде уште пожешка. Оставете го тушот неколку минути од него да тече топла вода за да се создаде пареа.
Канцеларија
Вашата или неговата, не е важно. Но, ако го посетите во неговата канцеларија бидете сигурни дека ќе му ја исполните најголемата желба откако е вработен.
Автомобил
Следниот пат кога ќе ја згрешите кривината и ќе се изнервира, кажете му да застане покрај патот и направете кратка пауза со секс набрзина. После тоа сигурно ќе му помине целата нервоза.
Куќата на родителите
Кога одите во посета на родителите, впуштете се во авантура. Ова е многу возбудливо, бидејќи ќе мора да бидете многу брзи и тивки за да не ве фатат родителите.
Тоалетот во кафуле
Повикајте го на пијалак во кафуле, по некое време отидете заедно во тоалетот, заклучете се и бидете брзи. Одберете поотмено место, за да бидете сигурни дека тоалетот е чист и уреден.
На отворено
Каде било во природа, парк или плажа, ако некаде патувате не ја пропуштајте приликата да уживате во природата и на овој начин. Но, мора да бидете брзи, бидејќи сепак сте на јавно место.
Тоалетот во авион
Стариот добар тоалет во авионот, иако е клише, сепак е добро да го пробате. Најдобро е да почекате до средина од летот, кога повеќето патници задремуваат, а потоа да се впуштите во акција.