Мажите ги одбива закажување секс, изгаснати светла, пијана жена...

Многу девојки и жени сметаат дека треба сè да истакнат и целосно да се покажат и претстават пред мажот кој ги привлекува. Трудејќи се да се покажат во најдобро светло, често избрзуваат, претеруваат и грешат.

mazite-gi-odbiva-zakazuvanje-seks-izgasnati-svetla-pijana-zena-01

Затоа, добро е да знаете кои работи ги одбиваат мажите, иако вие сметате дека така е правилно.

1. Претерана шминка

Мажите сакаат дотерани девојки, но не претерано нашминкани. Тоа им изгледа одбивно. Позната е модната изрека: помалку е повеќе.

2. Закажување секс

Тие сакаат да им го најавите сексот, но не сакаат да можат да го предвидат. Ако веќе планирате секс во одредено време, задржете го за себе и изненадете го.

3. Изгаснати светла

Со оглед на тоа што мажите се визуелни типови, сакаат да уживаат и визуелно додека водат љубов. Ако постојано инсистирате на изгаснати светла за време на сексот, ќе помисли дека поважно ви е како изгледа, отколку какво задоволство може да ви понуди.

4. Изгребан грб

Можеби во филмовите гребењето на грбот изгледа страсно и лесно подносливо за мажот, но во реалноста тоа може да биде многу болно.

5. Глумење оргазам

Познато е дека на жените им е потешко да доживеат оргазам. Потребни им се околу 20 минути за да го достигнат врвот. Ако се обидете да одглумите, тоа ќе биде еднакво сфатено како да го лажете.

mazite-gi-odbiva-zakazuvanje-seks-izgasnati-svetla-pijana-zena-2

6. Кога сте лесно достапни за сите

Ако не носите долна облека кога се состанувате со него, тоа е секси. Но, ако знае дека воопшто не носите долна облека или сте провокативно облечени и на други места, тоа страшно го нервира.

7. Пијана жена

Често низ медиумите сретнуваме реклами во кои девојки и жени рекламираат пијалаци, а со тоа испраќаат порака дека пиењето е секси. Но, во реалноста, кога ќе видат пијана девојка, тоа веднаш ги одбива.

8. Беспомошност

Некои жени мислат дека мажот покрај беспомошна жена се чувствува моќно и посакувано, но грешат. Таквите жени, тие ги гледаат како несамостојни или неинтелигентни. Ниеден маж не сака да се чувствува како татко на својата партнерка. Паметните жени се многу повеќе сексуално привлечни од оние кои постојано имаат потреба од заштита и помош.

9. Агресивност

Мал е бројот на мажи кои сакаат жени кои постојано издаваат наредби во креветот и кои постојано ја преземаат иницијативата. Наместо постојано да упатувате на тоа што треба да прави мажот, подобро е ако му дадете до знаење колку уживате кога ќе го погоди она што го сакате.

10. Секс на прв состанок

Вистина е дека ќе ве смета за „лесна девојка“, ако прифатите секс на првиот состанок. Само дајте му на знаење дека ве привлекува и страстен бакнеж на крајот. Така ќе ве посакува повеќе.

mazite-gi-odbiva-zakazuvanje-seks-izgasnati-svetla-pijana-zena-1

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg