15 мисли што оние кои не се во врска ги помислуваат барем еднаш
Оние кои се заљубени и во врска знаат тоа на сите страни да го покажуваат. Оние кои се сами, пак, постојано имаат некој коментар за заљубените. Секој со својата приказна и со своите мисли, но секогаш се бара оправдување за себе.
Колку и да не сакаат да признаат, сингл луѓето по малку им завидуваат на оние среќно вљубените. Колку и да се горди и сигурни во самите себе, сепак посакуваат и тие да бидат од другата страна.
Токму затоа, понекогаш потајно, барем еднаш им поминува по некоја малку злобна мисла:
1. Сите луѓе кои се во врска само се плашат да не останат сами, тоа е тажно.
2. Подобро би умрел/а отколку да бидам во врска како некои парови.
3. Зошто луѓето се толку досадни и цело време мора да споделуваат сѐ што чувствуваат на интернет?
4. Како е можно баш тој/таа да е во врска, а јас не?
5. Ако некоја не живее во голем град, сигурно се мажи затоа што нема што друго да прави.
6. Бевме најдобри пријатели, но откако влегоа во врска, веќе не сме се виделе повторно.
7. Луѓето во врска ме нервираат. Убаво за вас, ама мора ли цело време само за тоа да зборувате и сите да знаеме?
8. Сите кои се во врска на Фејсбук се многу патетични кога ќе раскинат, нели?
9. Повеќето врски се состојат од двајца досадни луѓе кои се состануваат, бидејќи на досадата и треба друштво.
10. Подобро ќе бидам сам/а, отколку да мора да бидам со некој.
11. Мило ми е што не треба да трошам пари за некој/а на Св.Валентин
12. Се надевам дека нема да раскинат, бидејќи не би сакал/а да го слушам жалењето после тоа.
13. Се надевам дека нема да се венчаат, зашто сигурно ќе се разведат.
14. Секако ќе умреме сами, нели?
15. Како и да е, пивото, пицата и чоколадите се секогаш тука за мене.