Без расправии на одмор
Кога сте со семејството, пријателите или партнерот 24 часа дневно, тешко ќе го задржите мирот и избегнете расправиите. Ситниците ќе станат важни...
...нервите ќе проработат.
Иритантните навики одеднаш ќе станат поизразени и пред да се свртите караниците од пред неколку месеци повторно станале актуелни.
Празниците не се време кога треба да разговарате за несогласувањата.
Заради тоа размислете малку и одвојте време за себе и своите мисли - наутро, по доручекот или кога ќе одите во шопинг.
Задолжително понесете некоја книга или списание кои апсолутно не го интересираат партнерот.
На тој начин ќе имате доволно време за себе и ќе го задржите мирот во врската.