Како луѓето го замислувале женскиот оргазам пред 65 години?
Денес за него постојано се зборува, но ништо поинаку не било и пред 65 години. Единствена разлика е што тогаш луѓето го замислувале како еден вид на електричен шок.
Др. Џана Фанке на Твитер профилот ја објави оваа илустрација на женскиот оргазам, нарекувајќи го прилично застрашувачки.
Во текстот под фотографијата, која е насловена „Женскиот врв“, пишува дека искуството на оргазам е единствено и дека не може да се спореди со ниту едно друго искуство.
„Механизмот на женскиот оргазам, преку окото на надреален уметник е живописно прикажан во оваа феноменална илустрација. Во праисторијата жените не доживувале оргазми, а дури и денес научниците тврдат дека 30 проценти од жените никогаш не го доживеале својот врв. Оние кои го доживуваат, знаат дека тоа е многу наелектризирано искуство. Тоа расте со постојана сила која достигнува неверојатна нервна експлозија, и физичка и психичка.“