Необични закони: Кастрација за прељубници, казни за милување, забрането играње шах за време на секс...
Можеби кај нас не е невообичаено некој пар да резервира сепаре во некој клуб или кафуле на кое седат заедно прилепени еден до друг додека страсно се бакнуваат и немаат намера да престанат, а вие треба да го тргате погледот настрана и да ви биде непријатно.
Кај нас не постојат ригорозни закони за ваквото однесување, но во многу држави ширум светот казните се прилично ригорозни кога се во прашање искажувањето на емоциите на јавно место.
Некои држави имаат многу необични закони, а во некои може да бидете казнети и со 10 дена затвор поради допирање на улица, додека други дозволуваат и да се венчате со роднина.
Обединетите Арапски Емирати
Воздржете се од допири во Дубаи, бидејќи милувањето може да ви донесе 10 дена затвор. Поради опијанување на јавно место, може да добиете и до една година казна.
Јута
Во оваа американска држава, законот дозволува да се венчате со роднина. Имено, според овој закон, ако сте наполниле 65 години можете со роднина да отидете пред матичар, а ако двајцата сте неплодни, тоа може да го направите и на 55 години.
Уругвај
Ако ве фатат во кревет со туѓа сопруга, мора да бидете подготвени на казна. Но, во оваа земја изневерениот сопруг има право и двајцата да ве убие или може да се реши да го кастрира мажот, а на неверната жена да ѝ го отсече носот.
Естонија
Во главниот град на Естонија е забрането во текот на половиот однос да изиграат брза партија шах.
Шпанија
Секс на јавно место во Шпанија може скапо да ве чини. Ако ве фатат може да ви наплатат и до 75 илјади евра казна, Не се исплати да ризикувате.
Тексас
Во Тексас смеете да имате само шест вибратори, а сè што е над оваа бројка може да ве чини казна од 4.000 долари или затворска казна до година дена.
Англија
Во Лондон е забранет секс на паркиран мотор, а не смеете ниту да заведувате непознати жени за секс во паб.
Мичиген
Панталоните со низок струк кои откриваат какви гаќи носите се сметаат за навредлива облека, па може да ви бидат одредени 93 дена затвор и да ви наплатат казна од 500 долари.
Калифорнија
Нема да верувате, но овде со закон е забрането да доживеете оргазам во текот на предиграта. Иако не е познато кој ги контролира и проверува овие прекршоци.