8 факти кои треба да ги знаете за спиралата

Спиралата е едно од контрацепционите средства за кои се води најголемата дебата. Додека едни тврдат дека ова е најевтиниот и најлесен начин за спречување на несаканата бременост, другите се плашат од инфекции и компликации.

8-fakti-koi-treba-da-gi-znaete-za-spiralata-01

Меѓутоа, стручните лица се сложуваат дека спиралата денес се потполно безбедна, т.е. дека сите стравови кои ви ги пренеле вашите мајки и баби повеќе не се причина за нејзино избегнување.

Процедурата низ која спиралата се става во матката трае неколку минути и е многу важно да ја направи стручно лице.

Ако сте заинтересирани за овој вид на контрацепција, ова се 8те работи кои мора да ги откриете пред да се одлучени на ваков чекор.

1. Денешната спирала не е иста како спиралата на вашите мајки

Вистина е дека некогаш спиралите претставувале голема опасност. Но, денес процесот е усовршен и нема никакви негативни последици.

Вашите мајки и баби биле изложени на поголеми ризици затоа што во нивната матка се вметнувала влошка Dalkon Shield, која веќе одамна не се произведува и нема никаква шанси да ја добиете истата.

2. Нема да ви помогне во борбата со кожни проблеми

Голем плус на антибеби пилулите е тоа што им помагаат на жените кои патат од акни. Меѓутоа, спиралата нема такво дејство. Бакарните спирали не содржат хормони, па не би имало логика било како да ви влијаат на кожата.

3. Спиралата не предизвикува инфекции

Овој мит исто така е врзан со старата Dalkon Shieldспирала, и е потполно невистинит во денешно време. Сепак, препорачлив е информативен разговор на оваа тема со доктор, кој многу брзо ќе ги разјасни сите недоумици.

4. Постојат спирали со и без хормони

На пазарот може да се најдат спирали на база на хормони и оние кои се изработени од бакар, без хормони. Хормонските испуштаат мала количина на прогестин во матката, па за жените кои едноставно не се љубители на хормонска терапија од било која причина, не се препорачливи.

5. Грчеви во стомакот

Поголем број од жените добиваат грчеви во првите 24 до 48 часа по вградувањето на спирала. Кај некои девојки, болките може да потраат, но тоа е сосема нормално. Грчевите се знак дека телото ја прифаќа спиралата, сè додека се подносливи.

6. Може да престанете да добивате менструација

Истражувањата покажале дека спиралите предизвикуваат обилни менструации кај 90 проценти од жените по неколку месеци користење. Исто така, кај голем број на жени менструацијата била нередовна или изоставена. Бидете подготвени на промени!

7. Големината е важна

Постои можност спиралата да се измести, дури и ако е совршено наместена. Иако тоа се случува во само 3 проценти од случаите, докторите посочуваат дека големината на самата спирала е најважен фактор. Малите спирали се препорачливи за младите девојки кои не раѓале, додека поголемите спирали се препорачливи по бременоста.

8. Можете да ја извадите кога ќе посакате

Иако се долгорочни, и може да траат од 2 до 12 години, спиралите не се трајни, туку може да се отстранат кога ќе посакате. Процедурата на отстранувањe е исто така кратка и безбедна, а штом се извади жената е повторно плодна. Важно е да запаметите дека во никој случај не може да предизвикаат стерилитет.

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg