Летна љубов
Се сеќавате ли на вашата прва летна љубов? Тие најчесто ни остануваат во убави сеќавања – сонце, море, долги летни ноќи и шетање на плажа. Ако не сте...
...во врска летото е идеално за љубов, а на оние во врска може да им ги разбуди страстите. Еве неколку совети како да уживате во летните романтични месеци.
1. Не ја сфаќајте љубовта пресериозно – заборавете колку пати ви го скршиле срцето и опуштете се! Уживајте во љубов без обврски очекувања.
2. Летната љубов е духовно искуство – Целта е што е можно повеќе да се забавуваре, испробате нови искуства, страст и радост. Лесен летен флерт е одличен за здравјето
3. Страст и романтика – Имате право на нив онолку колку што сте си замислиле. Дозволете да ве понесат моментите и да бидете спонтани. Летото е краток период па не помислувајте веднаш дека тој/таа е вистинскиот/та.
4. Не се обидувајте да ја контролирате љубовта – Бидете слободни и опуштени. Ќе се зачудите колку може љубовта да биде едноставна, а убава.
5. Кажете ги своите намери – Објавете си пред се на себе дека сте подготвени за луда летна авантура и се ќе биде во ред.
6. Направете листа со желби за летната љубов – Напишете ги предностите од летното уживање и потсетувајте се на нив секој ден.
7. Сонувајте за својата идеална летна љубов
- погледите кои ви ги упатува
- страста со која комуницирате
- како само еден бакнеж ви ги оттргнува сите грижи
- забавата која ќе ви ја овозможи
- спомените кои ќе останат незаборавени
Уживајте во летото и пронајдете ја својата летна љубов која може да стане љубов на вашиот живот!