10 дневен секс-прирачник: Жешки празнични предлози

Во пресрет на студените празници, 10 дневните секс-авантури ќе ви помогнат да се загреете на секој можен начин.

10-dneven-seks-priracnik-zeski-praznicni-predlozi-01

Додека сте дома, наместо да пиете топол чај и да гледате серија, експериментирајте. Ќе се изненадите колку зимата може да биде возбудлива!

1 ден - Женaта доминира!

Облечете новогодишен костим, црвена долна облека и освојте го вашиот сакан. Бидете неуморна Баба Мразица која знае како да го заведе. Заврзете му ги очите и изненадете го!

10-dneven-seks-priracnik-zeski-praznicni-predlozi-02

2 ден - Нека добие поинаков орален секс

Бидете првата која ќе му понуди нешто до сега недоживеано. Собирајте идеи, разговарајте со блиски пријателки и фантазирајте. Подарете му незаборавно орално уживање!

10-dneven-seks-priracnik-zeski-praznicni-predlozi-03

3 ден - Менувајте пози

Прекинете го ланецот од еднолични пози. Во текот на 10 минути свртете се 5 пати, променете го држењето, предизвикајте го/ја на нешто до сега неиспробано. Не брзајте, туку уживајте!

10-dneven-seks-priracnik-zeski-praznicni-predlozi-04

4 ден - Женски стриптиз

Научете некое ново движење. Одберете секси песна за стриптиз. Подновете се со црвен корсет и високи штикли. Танцувајте полека и хипнотизирачки. Мажите понекогаш сакаат визуелно да уживаат, наместо физички.

10-dneven-seks-priracnik-zeski-praznicni-predlozi-05

5 ден - Маскирајте се

Бидете слугинка која ќе го чисти неговиот неред или секси болничарка која ќе го лечи од настинка. Купете секси костим и научете ги вашите “должности”.

10-dneven-seks-priracnik-zeski-praznicni-predlozi-06

6 ден - Испробајте ја наполнетата када

Исклучете ги светлата, наполнете ја кадата и додајте миризлива купка. Ако сте доволно храбри, купете некои додатни помагала за стимулирање и изненадете го/ја. Ветете му/и незаборавни нешта откако ќе се загреете.

10-dneven-seks-priracnik-zeski-praznicni-predlozi-07

7 ден - Изненадете ја со прстен

Не е дијамантски, но ќе ја изненадите повеќе отколку што мислите. Одличен трик за двојно задоволство!

10-dneven-seks-priracnik-zeski-praznicni-predlozi-08

8 ден - Гласен секс

Извикајте го нејзиното/неговото име, зависно од тоа кој доминира. Ќе добиете многу повеќе за возврат!

10-dneven-seks-priracnik-zeski-praznicni-predlozi-09

9 ден - Фокусирајте се на бакнежите

Не ја потценувајте моќта на францускиот бакнеж, ниту на нежниот допир со усните. Изненадете се што се можете да постигнете со малку труд. По желба, додадете некое залче храна која делува како афродизијак.

10-dneven-seks-priracnik-zeski-praznicni-predlozi-10

10 ден - Искористете ја фантазијата

Откако ќе ги исцрпите речиси сите идеи, не ви останува ништо, освен да ја започнете втората рунда. Тивко откријте му/и што посакувате или изненадете го/ja со фото предигра. Варијациите на вашата омилена поза се секогаш добредојдени, исто како и секс-играчките.

10-dneven-seks-priracnik-zeski-praznicni-predlozi-11

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg