Запознајте ги родителите
Веројатно и самите сте слушнале многу хорор приказни и сте гледале многу филмови кои го прикажуваат моментот на запознавањето на родителите...
... на момчето но најдобро е да пристапите отворени така што би оставиле најдобар впечаток.
Како помош, ви нудиме неколку совети за тоа како ситуацијата да изгледа пристојна, а вие беспрекорни.
1. Чекајте
Не брзајте да ги запознаете родителите. Чекајте го вистинскиот момент. Запознајте го добро најпрво вашето момче, пред да одлучите да ги запознаете неговите родители.
2. Истражувајте
Прашајте го за неговите родители. Полесно ќе ви биде да ги запознаете ако претходно веќе знаете нешто за нив.
3. Локација
Локацијата каде ќе ги запознаете неговите родители е многу важна. Ако можете да бирате, предложете неутрално место, на пример, некој симпатичен ресторан.
4. Бидете точни
Немојте да бидете непристојни и потрудете се да стигнете на време. Никако не смеете да си дозволите да доцните, а тие да ве чекаат.
5. Подароци
Сите сакаме подароци. Но е многу важно да се изберат правите. Најнапред, дознајте од своето момче што им се допаѓа на неговите родители и продискутирајте заеднички што би можеле да им подарите.
6. Облека
Бидете пристојно облечени. Немојте да се појавите во мини здолниште или во било што покажува премногу кожа (длабоко деколте, проѕирна маичка). Немојте да бидете и нападно нашминкани - практикувајте природен изглед. Сите родители сакаат пристојност.
7. Разговор
Пробајте да не ја наметнувате темата околу вашето образование или знаење, туку следете го природниот тек на разговорот. Ако сте паметни, тие тоа ќе го заклучат од обичен разговор.
8. Ставови
Добро е да покажете дека имате мислење околу одредени работи, но држете се надвор од разгворите за политика, вера и слични прашања. Бидете љубезни.
9. Ласкање
Можете да споменете како тие одгледале фино и културно момче, но пробајте да избегнувате да се "улизавате". Ако веќе давате комплимент, нека биде тоа реален и вреден комплимент.
10. Заминување
Заминете на време. Немојте да бидете досадни и да останете премногу долго, дури и ако вам ви се чини дека тие инсистираат да останете. Заблагодарете се за се' и кажете како се радувате на вашата следна средба.