Разбудете ја сексуалноста: Како да се чувствувате подобро во сопствената кожа

Незадоволството од своето тело, несигурноста во сопствениот изглед, мрзеливоста се причини кои може да ја намалат вашата сексуална привлечност. Не смеете да ја заборавите и оставите да исчезне. Разбудете ја повторно!

razbudete-ja-seksualnostakako-da-se-cuvstvuvate-podobro-vo-sopstvenata-koza-01

Ако се чувствувате непривлечно не треба да се препуштите на тоа чувство, туку да размислите што да преземете за да го промените истото.

Проверете дали вашите грижи се преголеми

Постојат ли работи поврзани со вашата сексуалност кои ве загрижуваат и кои се извор на неудобност и страв?

Направете список на сите такви работи и размислете колку се тие реални и потребни. Оние кои се нереални се оние кои треба да знаеме да ги замениме со вистинските.

Ако има такви за кои навистина немате реална причина за да чувствувате страв и кога подобро ќе размислите се тотално спротивни, тогаш заменете ги со позитивен став.

На пример, доколку не сте сигурни дали сте привлечни за оние кои ви се допаѓаат, размислете колку тие се заинтересирани и сакаат да бидат во вашето друштво.

Ако тие се постојано околу вас, нема причина за вашата несигурност. Дајте си елан и бидете сигурни во себе.

razbudete-ja-seksualnostakako-da-se-cuvstvuvate-podobro-vo-sopstvenata-koza-1

Вашиот однос кон сопственото тело, влијае на вашиот однос кон сексот

Направите уште еден список на она што не ви се допаѓа на вашето тело. Одделете ги оние кои можете да ги поправите и оние на кои не можете да влијаете.

аместо да се концентрирате на размислувањето како вашето тело може да биде поинакво, обидете се да ја пренасочите таа енергија на промена на вашиот однос кон телото.

По некое правило, никој друг не ги забележува толку вашите недостатоци, колку што сте вие опседнати со истите.

razbudete-ja-seksualnostakako-da-se-cuvstvuvate-podobro-vo-sopstvenata-koza-2

Да се чувствувате привлечно е половина пат до успехот

Вашата сексуалност најмногу зависи од тоа што мислите за себе. Ако сакате да преземете нешто за да се чувствувате посекси, дајте си шанса тоа и навистина да станете.

Облечете атрактивна облека во која најдобро се чувствувате, внимателно одберете ја долната облека, додајте малку шминка. Не е лошо да размислите дека можеби некоја масажа или третман за разубавување ќе направи да се чувствувате подобро.

Спиење во сатенска постелнина, миризлива купка или читање провокативни книги, исто така може да го разбуди вашето либидо.

Сами треба да знаете најдобро што ве возбудува и прави да се чувствувате секси – променете го и забележете како ви се враќа чувството на сексуална привлечност, а тоа ќе го забележат и останатите во вашата околина.

razbudete-ja-seksualnostakako-da-se-cuvstvuvate-podobro-vo-sopstvenata-koza-3
Важно е во сè што правите да ги вклучувате сите свои сетила. Ако е тоа прошетка низ паркот, дозволете да го почувствувате и ветрот на лицето и низ косата и лисјата под нозете и мирисот на дождот.

Исто така, треба да ви бидат будни сите сетила и доколку во воздухот насетувате сексуална привлечност кон некого, за да ја покажете и својата.

Само така може да доживеете нови и возбудливи искуства кои ќе ви ја вратат самодовербата и ќе ви ја зголемат сексуалноста.

razbudete-ja-seksualnostakako-da-se-cuvstvuvate-podobro-vo-sopstvenata-koza-4

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg