3 начини како пристојно да одбиете некого
Кратко и јасно „Не“, без завлекувања и давање лажна надеж. Иако момците признаваат дека преферираат директно одбивање, без заобиколување, потполно се свесни дека жените често користат разни изговори.
Дали постои вистински начин за да одбиете некого? Ниту еден начин не може да биде доволно добар или пријатен, но секако постојат пристојни начини кои момците полесно ги прифаќаат.
1. Само кажете „Не“
Не е добро да се слушне, ниту изговори, но тоа е најдобар начин за да одбиете некого. Кратко и јасно и што е најважно без развлекувања и давање лажна надеж дека постои шанса за нешто во иднина.
2. Пристојно објаснување + комплимент
Познатата фраза „Не е до тебе, до мене е“ е веќе излитена. Но, постојат уште многу други кои би можеле да ви се најдат и да ви помогнат, на пример „Драг си ми, но не на тој начин“. Со тоа му давате до знаење дека не мислиш ништо лошо за него, но тоа не е она што го очекува.
3. Уверлива лага
Иако момците признале дека омилено им е директното одбивање, без заобиколување иако жените користат разни изговори, а кога тоа веќе го прават истакнале дека сакаат да бидат поуверливи, за да им биде полесно.