Урнебесен прирачник за секс: Брачна Камасутра

Книгата „Брачна камасутра“ има ист формат и стил како и добро познатиот прирачник за позите во сексот. Со поднаслов „Најеротичниот прирачник за секс на светот“ дело е на авторите Симон Рич и Фарли Кац и дава интересен поглед на бракот.

urnebesen-priracnik-za-seks-bracna-kamasutra-1

Кога жените го чистат просторот околу нозете на мажот и кога го тргаат она што би требало да се исчисти, тоа се вика „туркачка поза“.


Почетокот на секоја врска е исполнет со страст и силни емоции. Кога ќе завладее рутината, работите неминовно се менуваат. Во тие промени некој помалку, а некој повеќе ужива, но тие се одлична инспирација за духовит приказ на машко - женските односи. 

Првата „Камасутра“, древен текст на индиската книжевност, настанала помеѓу 400 и 200 година пред нашата ера и содржи 64 сексуални пози.

Втората, онаа брачната создадена е во 2013 година и го содржи следното:

urnebesen-priracnik-za-seks-bracna-kamasutra-2

Кога мажот ги става садовите во машина за миење садови, а жената мора тоа да го поправи, бидејќи се погрешно направил, тоа е поза „машина за миење садови“.

urnebesen-priracnik-za-seks-bracna-kamasutra-3

Кога жената бара мажот да и купи нова облека, бидејќи ништо не и купил со години и изгледа ужасно, а тој одбива тоа да го направи, додека жената го турка во продавницата на „Брукс и Брадерс“, станува збор за поза „тврдоглава коза“.

urnebesen-priracnik-za-seks-bracna-kamasutra-4

Кога жената влегува во соба, а мажот бргу го затвора својот лаптоп бидејќи на Фејсбук го гледал профилот на бившата девојка, тоа се вика поза „неизвесност“.

urnebesen-priracnik-za-seks-bracna-kamasutra-5

Кога мажот оди на спортски натпревар со други мажи, а сопругата во негово отсуство си дозволува долго капење во када и пие вино од кутија, тоа е „поза на мир“.

urnebesen-priracnik-za-seks-bracna-kamasutra-6

Кога мажот нежно го бакнува вратот на својата жена, а таа внимателно ги допира неговите гради и детето влетува во собата врискајќи затоа што слушнало страшен звук или некоја друга глупост, во прашање е „прекинат конгрес“.

urnebesen-priracnik-za-seks-bracna-kamasutra-7

Кога мажот ќе испушти непријатен гас пред својата жена и при тоа не се извини, станува збор за „поместување на стандардите“.

urnebesen-priracnik-za-seks-bracna-kamasutra-8

Кога жената и мажот се на вечера со друг брачен пар кои имаат поголеми проблеми од нив, си ги стискаат рацете под масата и меѓусебно блескаат од супериорност, тоа се вика „перверзни љубовници“.

urnebesen-priracnik-za-seks-bracna-kamasutra-9

Кога децата се кај бабите, а жената и мажот имаат план да излезат, но наместо тоа одлучуваат во 19.30 да испијат таблети за спиење затоа што им недостасува сладок сон, тоа се вика „валцер на мрзливи“.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg