Мажите сакаат просечни жени
Резултатите покажале дека на студентите најдраги им се жените со просечни пропорции од 15-44 години, што е спротивно на мерките на гламурозните...
... манекенки и ѕвезди како Памела Андерсон.
Совршените тела на манекенките и плејбојевите зајачици сепак не се она што го сакаат мажите. Тие сепак попрво би се заинтересирале за жени со просечни мерки и облини.
Професорот Роб Брукс со колегите од Сиднеј направил истражување помеѓу стотина студенти кои во задачата требале да оценат скици на 201 жена.
Цртежите го прикажувале женското тело со различни пропорции на раменици, гради, струк, колкови.
Резултатите покажале дека на студентите сепак повеќе им “фаќаат око“ просечните жени кои изгледаат природно и нормално.