Што значат вашите секси сонови?
Ако во текот на вечерта, во вашите мечти, често го изневерувате вашиот партнер, не мора да имате грижа на совест.
Најчесто секси соновите не значат дека токму тоа што го сонувате ќе се случи, но сепак имаат скриено значење кое вреди да го откриете.
Секс со шеф или колега/колешка
Можеби го сонувавте најстраствениот секс кој се случил за време на некоја конференција или во вашата канцеларија, но тоа не значи дека имате скриени чувства за него. Овие сонови потсвесно укажуваат дека треба да го зголемите вашиот авторитет на работното место и да имате посмел пристап кон работите со кои секојдневно се среќавате.
Доколку пак сонувате секс со колега, веројатно значи дека и се воодушевувате на таа личност. Размислете од која причина би посакале да бидете на негово/нејзино место.
Секс со бивши
Овој сон веројатно ќе го имате кога моменталната врска ќе ви западне во рутина и ќе стане поздодевна од било кога. Ваквите сонови ви укажуваат дека треба да преземете нешто во врска со сегашната врска, а не да им се враќате на минатите.
Секс со партнерот/партнерката на другарот/другарката
Сигурни сме дека такво нешто никогаш не би ви паднало на памет, па затоа не грижете се доколку ви се случи на сон. Ваквите сонови се само доказ дека профилот на тоа момче/таа девојка ви одговара, но не и дека би влегле во врска.
Секс со странец
Во ваквите сонови странецот ве претставува вас. Размислете дали во последно време сте направиле нешто во кое сте вложиле многу труд и храброст. Ако вашиот одговор е да, тогаш само сте горди на вашите достигнувања, а доколку одговорот е негација, започнете со промени во вашиот живот.