Љубовта ја загрозува кариерата
Мажите на кои љубовниот живот им е просечен, повеќе се склони на стрес на работа отколку оние кои се многу среќни во својот љубовен живот...
... покажало едно истражување. Студентки од универзитетот во Гетенбург во Шведска работеле 5 години на едно истражување врз 900 мажи и жени.
Ен Кристин Андерсон барала од своите колеги на факултетот да пополнат еден прашалник и да дадат оценка за својата врска дали е просечна, добра или лоша.
А според тоа подоцна ќе се утврдувало какво влијание има љубониот живот врз нивната кариера. Ен Кристин изјавила дека резултатите кај жените биле очекувани, а тоа значело дека колку им е подобар љубовниот и сексуалниот живот толку подобро им оди работата и имаат помалку стресови.
Но со мажите ситуацијата е помалку комплицирана.
Мажите во својата врска вложуваат многу повеќе за да им биде успешна и убава. Исто така важен податок било и кога станува збор за секс, со што мажите најчесто се во потрага по квантитет додека пак жените повеќе сакаат квалитетен сексуален однос.