6 начини за да зрачите со самодоверба на првиот состанок

Преплашени сте за вашиот прв состанок? Без грижи! Еве шест начини како да покажете личност која е смирена и стабилна и полна со самодоверба на вашиот следен состанок.

6-nascini-za-da-zracite-so-samodoverba-na-prviot-sostanok-01

Првите состаноци за секого се по малку проблематични. Сите чувствуваат мала доза на несигурност, но разликата е во тоа кој колку ќе успее да се справи со тоа и да ја прикрие.

Но, не давајте преголемо значење и не си вршете притисок.

Важно е да останете смирени  и да оддадете впечаток на личност која има самодоверба и знае што прави, без да се плаши.

Еве 6 начини како ќе го постигнете тоа:

Облечете се за да импресионирате

6-nascini-za-da-zracite-so-samodoverba-na-prviot-sostanok-1

Не облекувајте кратко здолниште по секоја цена. Тоа не е вистинската облека за секој прв состанок, доколку не се чувствувате пријатно или доколку не одговара на приликата. Зависно од тоа каде ќе биде вашиот прв состанок треба да бидете соодветно облечени. Ако е тоа вечера во некој ресторан, фустанот во кој се чувствувате најсекси е вистинскиот избор. Доколку е тоа опуштено излегување во кафуле или дневна прошетка, тогаш припиените фармерки и маичката која најдобро стои на вашето тело е она што треба да го облечете.

Запомнете: Најважно  е да се чувствувате пријатно, удобно и секси, според тоа како вам ви стои некое парче облека, а не како вие се вклопувате во одредена наменета облека.

Раздувајте ја косата

6-nascini-za-da-zracite-so-samodoverba-na-prviot-sostanok-2

Ако можете отидете на фризер, бидејќи знаете дека секогаш по излегувањето од фризерскиот салон се чувствувате како на модна писта или холивудска дива и уживате кога ја носите косата како со круна на глава. Ако не можете да отидете на фризер, тогаш направете нешто слично дома. Важно е да и дадете поголем волумен кој ќе ви даде гламурозен изглед. Ова ќе ви даде голема самодоверба, а тој ќе остане маѓепсан.

Насмевнете се

6-nascini-za-da-zracite-so-samodoverba-na-prviot-sostanok-3

Дури и ако состанокот оди во насока на интервју, избегнете ја напнатоста, насмевнувајќи се. Направете го вие состанокот забавен. Кажете некоја шега или интересна случка, нешто весело кое ќе предизвика насмевка. А никој не може да одолее на убавата и позитивна насмевка. А колку почесто се смеете или зборувате со насмевка, толку повеќе зрачите со самодоверба. Но, внимавајте тоа да не биде прегласно и вештачко кикотење, туку нежна и искрена насмевка.

Потсетете се на вашата посебност

6-nascini-za-da-zracite-so-samodoverba-na-prviot-sostanok-6

Пред да излезете откако ќе бидете подготвени, не заборавајте да си оставите малку време за себе, односно време за да си кажете барем  10-20 комплименти, зошто сте посебни или добри во нешто. Ако имате некоја пријателка во близина, уште подобро е сите комплименти да ги слушнете од неа. Откако ќе ги слушнете сите ваши квалитети нема да може ништо да ве спречи да бидете горди на себе, да чекорите сигурно и со полна самодоверба.

Не глумете

 

6-nascini-za-da-zracite-so-samodoverba-na-prviot-sostanok-4
За време на првиот состанок треба да останете онакви какви што сте, со вашите вообичаени навики. Не правете нешто што не личи на вас, за кое подоцна ќе се преиспитувате и ќе сакате да го промените. Верувајте дека колку и добро да ви изгледа нешто што го гледате на филмовите или кај оние од вашето друштво, доколку не ви било пријатно претходно да го направите, немојте ни сега. Можете само да се сплеткате и да бидете посмешни, отколку ако бидете обични и свои, колку и да мислите дека другите се „покул“. Нема ништо подобро од природните реакции.

Говорот на телото

Покрај сите останати знаци за самодоверба најважни се оние што ги изразува говорот на вашето тело. Не се подвиткувајте, не бидете подгрбавени и преплашени. Чекорете сигурно со благо поткрената глава, рамениците наназад  исправени и не ги прекрстувајте рацете. Ако барате вистински модел за жена со самодоверба погледнете ја Одри Хепберн . Таа е класика за она што е женственост, сексапил, шарм и самодоверба.

6-nascini-za-da-zracite-so-samodoverba-na-prviot-sostanok-5

На крајот, ако сето ова го заборавите или не ви успее, не паничете. Последната карта која ви останува во ракавот е искрено да му признаете дека сте нервозни или возбудени околу она што се случува , дека сакате да му оставите добар впечаток и дека ви е важно неговото мислење. Верувајте, тој ќе  биде трогнат од вашата искреност и ќе ве прифати токму онаква каква што сте. Искрена и прекрасна.

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg