Фенг шуи трикови за идеална љубов
Фенг шуи правилата секогаш започнуваат од вашата организираност во просторот, без оглед на тоа дали сакате да привлечете пари, љубов или среќа.
А за да дојдете до идеалната љубов, започнете на овој начин:
Организирајте ја спалната соба
Најоптималното место за спалната соба е југозапад, местото каде љубовта царува. Ја регулира љубовната среќа, романтиката, брачната и семејната среќа, па затоа обрнете посебно внимание.
Ако спалната соба се наоѓа на другата страна, добро би било бар креветот да се наоѓа на југозападната страна. Ако го испробавте секој можен распоред, а тоа не е изводливо, постојат и други начини како да ја привлечете љубовта. Следно е поставувањето на фенг шуи магнети.
Ако сакате да го подобрите веќе постоечкиот однос, поставете фотографија од семејството на југозападниот агол во дневната соба. Важно е на фотографијата да е овековечен некој среќен момент или слика полна насмевки.
Висечкиот лустер или кружната кристална кугла во југозападниот дел се идеални за активирање на енергијата која ја стимулира романсата. Ова внесува љубов и страст во секој сегмент.
Во спалната соба неопходно е дифузно светло или комбинација од неколку пастелни бои со меко осветлување, за да создадете романтична атмосфера. Силното осветлување и рефлекторите дефинитивно треба да ги избегнувате. Може да користите и многу свеќи.
Преместете го креветот подалеку од ѕидот, затоа што со тоа овозможувате полесен влез на партнер во вашиот живот. Задолжително поставете еден голем душек, затоа што два одделни може да симболизираат одвојување или развод.
Заменете ги старите чаршави со нови, во топли бои и пријатни нијанси. Розовата и коралната привлекуваат нежен партнер, а црвената привлекува страствени љубовници.
Во спалната соба не е препорачливо да имате телевизор, затоа што се губи романтиката и сексуалната енергија. Прифатлив е секој музички плеер, а компјутерот или лап топот држете подалеку од очите.
Исфрлете ја тагата и негативната енергија
Ослободете се од тажните фотографии и детално проверете го целиот дом. Најважно е да се ослободите од минатите врски и празното чувство кои тие го предизвикуваат.
Подгответе го домот како во секој момент да очекувате нова личност во вашиот живот!