Кој дел од телото е најмалку секси?
Стапалата, според истражувањата на научниците, се најмалку секси.
Студијата ја спровеле научниците од Универзитетот Бангор и Витватерсранд во Јоханезбург.
Освен стапалата, и колената се помалку популарни кога станува збор за ерогените зони.
Резултатите на студијата го срушиле досегашното верување дека стапалата имаат сензуална врска со гениталиите.
Останатите резултати покажуваат дека мажите ги привлекува женскиот грб и нозете, а за жените тие не се баш привлечни, како и рацете кои исто така ги оставаат рамнодушни.
Истражувањето покажало и дека мажите имаат речиси еднаков број ерогени точки како и жените.
Многумина сметаат дека женското тело е преполно со ерогени зони, а мажите имаат само една ерогена точка. Сепак бројот на ерогени зони е ист, но жените можеби имаат предност – вели професорот Оливер Турнбул.
Најпопуларни делови на телото се гениталиите, устата, ушите и колковите.