Кој е подобар во кревет? Богатите или сиромашните?
Последното истражување на Центарот Pew Research покажало дека мажите со помали и средни плати се емотивно подостапни, поверни и што е најважно, подобри во креветот.
Девојки, ако за имате цел богато да се омажите, уште еднаш размислете!
Последното истражување на Центарот Pew Research покажало дека главните адути на мажите со помалку пари се среќата, верноста и оргазмите. Со тој феномен се занимавал професорот Адам Галински од Универзитетот во Чикаго и заклучил дека жените ќе бидат посреќни со „посиромашни“ мажи затоа што тие се помалку лицемерни во споредба со богатите.
Мажите со средни примања се пољубезни кога запознаваат нови луѓе, отколку побогатите мажи, пишува списанието Psychological Science.
Кога авторите на студиите го набљудувале снаоѓањето на богатите и сиромашните мажи во друштво на нови личности, забележале дека втората група најчесто како средство за снаоѓање ја користеле насмевката, контактот со очи и генерално тоа биле мажи расположени за разговор.
Од друга страна, подобрите приходи доаѓале во пакет со грубо и ноншалантно однесување. Мажите со послаби приходи, социјално повеќе се ангажираат бидејќи на тој начин се обидуваат да успеат, додека мажите со подобар статус уште во старт и многу често сметаат дека не им требаат нови познанства.