За вистинските мажи: Како да расположите жена за неколку секунди?
Бидете исклучок и испратете и цвеќе на работа или дома. Наместо обична, испратете и аудио порака...
Жените не се толку комплицирани, особено кога е во прашање доброто расположение.
Затоа момци, пробајте некои од овие работи со кои сигурно ќе им го разубавите денот на девојките.
Аудио порака
Наместо обична, снимете го својот глас и испратете и аудио порака. Освен што ќе и биде сипматичен фактот дека сте се потрудиле, ќе се почувствува дека сте до неа.
Испратете такси по неа
Надвор е жешко, а сте се договориле да се видите, сигурно ќе и биде жешко додека дојде до местото каде што треба да се најдете. Изненадете ја и испратете и такси кое ќе ја доведе директно кај вас. Вниманието многу значи.
Оставете и тајни пораки
„Украдете“ и го мобилниот за миг и наместете и го алармот кој ќе заѕвони кога е на работа. Алармот нека ја потсети дека е убава и дека и посакувате убав ден.
Испратете цвеќе
Во филмовите се случува често, но во реалниот живот, сосема ретко. Бидете исклучок и испратете и цвеќе на работа или дома. Ќе се чувствува како главна актерка во романтичен филм. Тоа е убаво чувство за секоја жена.
Пофалете ја
Многу е едноставно да се измами насмевка на женското лице – само кажете и дека ослабнала, дека има прекрасна кожа или едноставно пофалете го начинот на кој нешто прави. Никој не е имун на комплименти и секоја жена ужива во нив.
Кој е вашиот таен начин за брзо и лесно расположение на поубавата половина?