Прва помош за 10 кризни љубовни ситуации

Се лутите затоа што не го пофали вашиот гест, подарокот не го ни погледна, ве остави сами и покрај тоа што имавте закажано, а на крај и се пушта на вашата пријателка?

prva-pomos-za-10-krizni-ljubovni-situacii-01

Ви нудиме план за прва помош на љубовен план, во моментот кога вашата љубовна врска малку ќе се разниша.

Флертува со други - Дечкото кој често пати е гледан со други девојки, а е во врска, може да биде навистина иритирачки. Но, пред да го осудите размислете дали за тоа има соодветна причина. Можеби по малку го запоставувате, па се обидува да пронајде забава со некоја нова девојка? Подарете му малку повеќе внимание и повторно ќе биде само ваш.

Неуреден е до крајни граници - Планини на креветот, траги од истурени течности, милион листови расфрлани по станот... Не сте единствени бидејќи дури 80% од жените се со неуредни мажи. Лошата вест е тоа што нема да го промените, но ќе можете да го промените својот став. Сконцентрирајте се на неговите предности, а таа мана карактеризирајте ја како единствена лоша.

Тој е вашата спротивност - Можеби и постои нешто во тоа што спротивностите се привлекуваат, но докажано е дека претераните разлики водат до конфликти. Оние кои ги прифаќаат карактерните разлики, многу почесто избегнуваат расправии, имајте го тоа на ум.

Вербално цунами - Ако дечкото потекнува од семејство каде што расправиите се нормална појава, додека вие сте мирна и тивка личност која не сака повишување на тон, златната средина е решение. Сè се постигнува со компромис, па можеби во текот на следната расправа ќе се обидете да го смирите, а не да водите инает.

Удирање во гради - Најбрзиот начин некој да ви се одмили е постојано да се удира во гради дека сè прави како што треба. Веројатно нема да успеете да го смирите со критики, па затоа играјте на картата 5 спрема 1. Пет пофалби и една критика, тоа е идеалниот баланс за него.

Броите кој повеќе лаже - Прашање на време е кога ќе започнете да броите и сè останато. Испитувањата покажале дека оние кои ги делат работите на пола, никогаш нема да бидат среќни. Затоа, наместо да споредувате кој колку направил, поделете ги работите според афинитетите. Во превод, извршувајте исклучиво задачи кои ги сакате.

Полициски час - Исцрпните упатства како да се паркира или љубоморните прашања со кој бил на вечера навистина исцрпуваат. Наместо да смислувате методи за да го контролирате, истражете што се крие зад таа параноја – дали ви е страв дека ќе го загубите или пак само сте несигурни. А тогаш пуштете ги конците од раце и уживајте...

Ладен е - Тоа што вашето секојдневие не одговара ниту малку на романтичните филмови не значи дека морате да го опишете како железен робот. Пронајдете го идеалното време за нежност.

Ве зема здраво за готово - Она што на почетокот на врската го правевте со задоволство стана најголемиот камен за сопнување?  Обидете се да разговарате. Иницирајте ги коментарите и пофалбите. По подолго време се губи потребата за она убавото и останува само рутината. Но, ако знаете како, не мора сè да биде така сиво.

Ситни, но иритирачки навики - Само се чека моментот кога ќе се најдете во ситуација каде што ве вади од кожа, а и вие не знаете зошто. Но, сигурно не го прави тоа намерно, понекогаш може и не е свесен дека тоа што го прави ве нервира. Затоа обидете се сосема пријателски да му укажете на одбивните навики. Не сте ни свесни колку може да ви недостасува таа навика, ако го немате покрај себе.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg