Моќта на оргазмот

Постојат некои факти поврзани за сексот кои не се спомнуваат толку често, па за нив и не знаеме. Дали нè изненадуават затоа што се невероајтни или само затоа што за нив порано не сме случнале, тешко е да се одреди, но фактите дека целерот ги прави мажите попривлечни, или дека брзината на ејакулацијата е слична на дозволената брзина на возење во населено место, секако се необични.

mokjta-na-orgazmot

Ејакулацијата помага при затнат нос

Се покажало дека оргазмот ја стимулира носната шуплина природно да ја исфрли блокадата која го отежнува протокот на воздухот.

Во клиторисот има околу 8.000 нервни завршетоци

Со оглед на тоа колку е женското тело во фокусот на модерното друштво, би се рекло дека сите факти се познати. Поради споредба, врвот на пенисот има половина помалку нервни завршетоци.

Некои луѓе сексуално ги привлекуваат објекти

Иако сите нас од време на време нè воодушевува убавината на некои објекти, кај некои луѓе воодушевувањето е толку големо кон некои објекти, што чувствуваат и сексуална привлечност. На светот постои мала група луѓе кои кон објектите чувствуват емотивна, физичка и сексуална привлечност, а себе си се нарекуваат објективни сексуалци.

Срамните влакна го зголемуваат сексуалното задоволство

Примарната функција на срамните влакна е да ги штитат гениталиите, но тие имаат улога и во чувањето на сексуалните мириси, попознати како феромони, кои би требало дополнително да делуваат на возбудувањето на партнерот.

Семената течност е природен антидепресив

Семената течност содржи само 5 проценти сперма, додека нејзиниот остаток содржи 50 други супстанци меѓу кои се и пролактинот, окситоцинот и сероронинот кои се природни антидепресиви.

Целерот ги прави мажите попривлечни

Сексолозите тврдат дека целерот го зголемува нивото на феромоните во машкото тело, што ги прави попривлечни за спротивниот пол.

Просечната машка ејакулација се одвива со брзина од 45км/час

Значи брзината со која сперматозоидите го почнуваат својот пат е навистина голема и изнесува 45км/час, но кога ќе влезат во вагината нагло забавуваат, па им тебаат цели 6 минути за да поминат низ каналите до јајце клетката.

Еротското гушење убива 500 до 1.000 луѓе годишно... само во Америка!

Еротското гушење е чин во кој намерно се прекинува дотокот на кислород во мозокот за време на ејакулацијата. Кога мозокот нагло ќе остане без кислород телото станува екстремно сензитивно што го зајакнува чувството на оргазмот.

Оргазмот може да го продолжи животот

Оргазмот поволно делува на имуниот систем, ја подобрува работата на срцето, а поволно делува и на мозокот. Оние кои што доживуваат оргазам два пати неделно би можеле да си го продолжат животот и до осум години, вели една студија.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg