Заведете го!
Мажите, било тинејџери или постари, не се ни приближно комплицирани колку што мислите, па затоа продолжете да читате за да научите како да си...
...ја искористите својата предност. Еве неколку совети како да му се допаднете
1. Имајте јасни мисли
Мажите го сакаат она што можат да го разберат. Секако не треба да го “затупите“, но бидете минимално комплицирани. Немојте да играте тешки игри и немојте секоја ситуација да ја претворате во нова тема за Опра.
2. Бидете свои
Иако овој совет најчесто се повторува, се чини дека тој совет девојките најчесто и го игнорираат. Нормално е дека тој ќе забележи дека глумите, затоа што ако сте биле добра глумица сега ќе сте биле во Холивуд, а не овде :)
3. Пуштете ја косата
Иако е доста специфично и зависи од вкусот, најголем процент од мажите сакаат долга пуштена коса
4. Имате мозок - епа користете го
Не треба да бидете научник за да привлечете внимание некому, но, ако единствени теми за вас се шопинг и трачеви сигурно нема долго да го задржите покрај вас.
5. Изгледајте добро
Не треба да изгледате преубаво за некој да се заинтересира за вас, но бидете уредни, средени и икористете го максимално она што го имате