5 начини љубовта да трае подолго

На тоа дали некој ќе ви биде привлечен не можеме да влијаеме, но на должината на траењето и интензитетот на љубовта - можеме.

5-nacini-ljubovta-podolgo-da-trae

Секој наш труд за да се зачува љубовта, позитивно ќе се одрази на емоциите на нашиот партнер. За да не размислуваме многу што да направиме, еве некои најделотворни начини.

Клучно е партнерот да не поврзува со убави нешта. Ситниците се многу важни за љубовта.

1. Вашиот партнер нека остане без здив
Приредете му на вашиот партнер нешто спектакуларно и невообичаено, нешто што ќе го изненади. Вечерата проследена со неговите омилени песни сигурно нема да ја заборави.

2. Бидете дел од секојдневието
Нека тоа нешто посебно биде дел од вашето секојдневие. Јавувајте му се на партнерот секојдневно, доволно е повикот да трае и само неколку минути. Подгответе му го омиленото јадење еднаш неделно. Кога ги очекува овие работи, тој/таа постојано ќе мисли на вас.

3. Запознајте ги сексуалните потреби на партнерот
Дознајте што го задоволува вашиот партнер. Вашето задоволство нека стане и негово. Откријте што го возбудува, до најситните детали. Партнерот ќе биде подготвен да експериментира со вас.

4. Внесете возбуда во врската
Разбијте ја монотонијата и дозволете си несекојдневно искуство, како летање со параглајдер, или натпревар во пеинтбол. Кога ќе ја почувствува возбудата, уште повеќе ќе се поврзе со вас.

5. Забележете ја својата љубов
Немојте да се плашите да зборувате за својата љубов. Раскажувајте му на партнерот за своите чувства, напишете љубовна песна. Добрите љубовници го практикуваат тоа уште од почетокот на врската.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg