Срамежливоста во сексот
Дали сте едни од оние кој сакаат да имаат секс во темни простории? Проверете како можете да ја надминете срамежливоста во креветот. Стравот...
... нервозата и срамежливоста се чести појави како кај мажите така и кај жените кога зборуваме за сексуалните доживувања. Причините за ваквото однесување секако ги има многу а најкомплексни се оние кои се однесуваат за претходните лоши сексуални искуства.
Срамежливост поради изгледот
Голем број на мажи и жени најповеќе сакаат секс во темница бидејќи нивниот лик нема да се гледа толку добро во темница, а многу од нив имаат проблем и со голотијата пред својот партнер. Инаку лошото мислење за вашиот изглед може и да влијае негативно и во текот на односот.
Со цел да ја надминете оваа препрека морате да почнете да се почитувате себеси и да имате добро мислење за вашиот изглед. Со помош на здрава исхрана и на редовна физичка активност можете и реално да го решите трајно вашиот проблем со изгледот.
Срамежливост поради лошо искуство од претходна врска
И минатите искуства можат да бидат причина за страв од сексуалниот настап. Ако вашиот претходен партнер/ партнерка биле премногу критични кон вас тоа е знак дека вас ве повредувал таквиот однос.
Во таков случај треба да разговарате со вашиот партнер и да му објасните за целата ситуација.Ако и во таков случај вашиот партнер не ве разбере тогаш запрашајте се дали сеуште вреди да делите ист кревет со него.
Срамежливост од искусен партнер
Многумина се плашат да одат во кревет со поискусен партнер и дека она/он ќе биде разочаран во креветот. А проблематична ситуација е кога не ви се совпаѓаат вашите сексуални желби со оние на вашиот партнер.
И во овој случај најдобро ќе биде да разговарате со вашиот партнер за сите оние сексулани желби што ги има он и да пробате да најдете заеднички компромис на тоа поле.
Ако и овој пристап не го реши вашиот проблем тогаш не би било лошо малку да прочитате некој написи на таа тема кои би ги нашле на интернет или во некои книги. Така набрзо ќе имате отворено поле за дискусија и компромис.