3 совршени летни секс пози
Летото пристигна, а со него и сезоната на песочните плажи и морските бранови. Ако испланиравте барем десетина дена да поминете некаде сами со вашиот партнер, далеку од сите обврски и познаници, време е да го зачините вашиот сексуален живот.
Не се враќајте од одморот без да искусите голема доза на авантуризам и страст, а посебно ако не ги испробате овие неколку секс пози идеални за жешките, летни денови.
1. Секс на плажа
Ако сте човек кој едноставно ужива во брановите и ситниот жежок песок, пронајдете пуста плажа која ќе биде преполна со скришни и егзотични места. Секогаш придржувајте се до секс позите во кои ќе бидете свртени еден наспрема друг за да ја почувствувате романтичноста и интимата на ваквото доживување.
2. Секс во вода
Ако сè уште не сте го испробале, време е да ја пробате позата за која многумина тврдат дека е врвот во нивното сексуално искуство. Пронајдете некоја карпа која ќе ви послужи за рамнотежа, па вашиот партнер може да се потпре на неа, а вие да ги завиете вашите нозе околу неговиот струк. Или едноставно, мисионерската положба во плитко може да биде доста еротична.
3. Секс во џакузи
Џакузито само по себе е нешто што предизвикува доста интересни мисли и фантазии. Експериментирајте со седечки положби и оставете страстите да ве понесат.