Сексот како летна вежба
Високите температури можеби не се идеални за вежбање, но тоа не значи дека треба сосема да се откажете од секоја активност. Доволно е да вложите малку повеќе напор во спалната соба, па за половина час секси игри да изгубите речиси 150 калории.
Мисионерската положба ги зајакнува мускулите на нозете и задникот, па затоа наместо да правите вежби на степер или некоја друга справа, упатете се кон креветот. Експериментирајте со високо кренати нозе или поткренат задник и истовремено вежбајте и уживајте.
Јавачката поза е одлична за стомачните мускули, па затоа не се плашете да ја преземете контролата во свои раце. Идеално е доколку сакате да симнете неколку сантиметри во обемот на струкот, а и партнерот ќе ви биде благодарен.
Секс позата во која стоите и сте припиени за ѕид е одлична за издржливост на рацете, нозете и стомакот. Истовремено се зајакнува секој можен мускул на машкото тело, а уживањето е огромно.
Кучешката поза е одличен тренинг и за мажот и жената. Тука мажот е доминантен, но сепак тоа и одговара и на женската популација. Нејзините мускули се максимално затегнати, додека мажот согорува многу калории со постојаното движење.