Омилениот сладолед ги разоткрива вашите сексуални желби

Ја сакате класичната комбинација на ванила со чоколадо? Или пак може освежителен лимон? Сигурно имате свој омилен вкус на сладолед кој можете да го консумирате во неверојатно големи порции и количини.

omileniot-sladoled-gi-razotkriva-vasite-seksualni-zelbi-01

Но, сигурно не сте знаеле дека ова е најсензуалниот десерт кој открива каков секс сакате и кои се вашите скриени желби.

Ванила

Сладоледот од ванила е чиста класика, а доколку го обожавате неговиот вкус вие сте личност која цврсто стои на земја. Како што сакате класичен сладолед, така и во креветот преферирате едноставен секс. Не сте љубител на многу експериментирања. А предлогот за сексот на отворено секогаш ќе заврши со едно големо НЕ. Љубителите на ванилата често се нежни личности и вечни трагачи по вистинската љубов.

Чоколадo

Чоколадoтo е подеднакво популарнo како и ванилата, но разликата е во тоа што чоколадото го има во повеќе видови. Па можеби и затоа љубителите на чоколадo без разлика дали е класичнo, горкo или со додатоци, се многу страствени личности. Како што знаат да уживаат во храната, така уживаат и во креветот. Предани се и издржливи љубовници.

Орев, Бадем, Лешник, Ф’стак

Ваквите сладоледи тешко се комбинираат, па заради тоа љубителите на овие вкусови се верни души. Сексот со различни партнери едноставно не е создаден за нив. Се работи за романтични души, секогаш стабилни и  полни со доверба.

omileniot-sladoled-gi-razotkriva-vasite-seksualni-zelbi-02

Страчaтела

Страчaтелата е чуден вид на сладолед – ниту чоколадо ниту ванила. Љубителите на овој вкус сакаат разновидност и експерименти. Зошто би се задржувале до едно нешто, кога може да се испробаат повеќе? Обожаваат варијации на различни секс теми. Кога е љубовта во прашање, остануваат верни исклучиво доколку имаат доволно простор за себе.

Лимон

Не постои сладолед кој е поосвежителен за лето. Изразито киселиот вкус на овој десерт е вистински предизвик. Љубителите на лимонот се вечни сонувачи и кога станува збор за сексот. Тие имаат широки хоризонти, сакаат егзотични нешта и можеби затоа не успеваат да се одлучат за само еден партнер. Сепак, кога се среќни и заљубени тотално се предаваат.

Кафе, Карамела, Пунч

Оние кои ги сакаат овие вкусови се секогаш предани. Кафето, карамелата и пунчот за нив се вкусови без конкуренција. Љубителите на овие вкусови се прагматични, а такви се и во љубовта. Не сакаат да експериментираат, а може дури и да се налутат ако партнерот предложи нешто ново и необично. Тие љубовта ја темелат на интелектуалното ниво повеќе отколку на еротското.

Кој е вашиот омилен сладолед?

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg