Мажите не сакаат вакви жени!

Многу жени не се свесни дека имаат „способност“ да го гушат, уморат и да го избркаат од себе секој маж во кого ќе се заљубат. Несвесни за тоа што лошо направиле, на крај се прашуваат: „Што му стана? Зошто побегна? И што сега пак јас не чинам?

zenski-karakteristiki-koi-gi-odbivaat-mazite-2

На мажите им е важно нивната женска половина да биде нежна, женствена па по малку и кревка. Но, во овој свет каде улогите на мажот и жената се измешани, многу жени заборавиле што значи тоа да се биде „послаб.“

Освен што воопшто не се нежни, често додаваат масло на огнот и се самоуверени во врска со нивните постапки, заради кои за кратко време мажите бегаат од нив и тоа со троскок.

Што е она што ниедна вистинска жена не смее да си го дозволи, најпрво заради себе, а потоа заради партнерот?

Гласни кавги, удирање, тепање

Можеби е во ред некогаш на шала да го штипнете или потчукнете партнерот кога сте сами, но, влечење и удирање едноставно се дното кое може да го допрете. Останете дама, па ако ви згрешил гордо завртете се и отидете си без збор, наместо да кревате револуција на сред улица.

Гушење со пораки и постојано ѕвонење на телефонот

Постојано изјавување љубов преку пораки или ѕвонење на секој половина час за да прашате каде е и што прави е многу напорно. Некои луѓе не сакаат по цел ден да „висат“ на телефон. Ако не сакате да почне да го нервира секое ѕвонење на телефонот од ваша страна, држете се подалеку од него.

zenski-karakteristiki-koi-gi-odbivaat-mazite-4

Песимизам

Понекогаш најинтелигентните луѓе се оние кои се полни со цинизам и сарказам, но ако ја поминете границата на добриот вкус, може да се случи да престанете да бидете забавни. Разведерете се! Секој маж сака весела девојка.

Премногу пцуете

Повремена пцовка може да му се испушти не секој од нас, но мажите во принцип мразат жени кои пцујат како кочијаши. Какви и да сте, пцуењето е карактеристика која им е одбивна на сите мажи.

zenski-karakteristiki-koi-gi-odbivaat-mazite-1

Флерт со други мажи

Мажите не сакаат да се во врска со девојка на која и е потребно вниманието од цел свет и која сака да го шармира секој маж во нејзина околина. Запомнете, никој не сака да биде дел од стадото, па затоа покажете му на вашиот партнер дека за вас тој е посебен.

Лоша хигиена

Ако сакате да привлечете момче, морате да делувате негувано. Секогаш истуширани, без несакани влакна, во чиста и испеглана облека, чиста коса, средени нокти, нашминкани... Да, има уште многу за набројување на оваа листа, но вистинските жени знаат да се носат со сето тоа и многу повеќе, истовремено.

Глумите недостапна

Добро е ако самодовербата ви е на ниво и свесни сте за своите квалитети, но мажите мразат кога ги гледате „одозгора.“ Ако некој ви се допаѓа, најдете начин и дајте му знак дека може да се осмели да ви се додворува. Комплицирање на односот без потреба и „глумење“ ѕвезда може само да го натера веќе никогаш да не ви се јави.

Премногу шминка

Лице кое изгледа како фасада со премногу пудра, силни сенки на очните капаци и пренагласени усни се доволна причина потенцијалниот партнер да сака уште веднаш да го напушти состанокот со вас. Секој маж попрво би одбрал жена без грам шминка на лицето, отколку некоја која нема да ја препознае следниот ден.

zenski-karakteristiki-koi-gi-odbivaat-mazite-3

Размазена сте

Вистинскиот маж треба да и угодува на својата жена, но ако од него барате да ви отвори чоколадо или да стане и да ви ја донесе пижамата само затоа што така сте навикнале – премногу е. Верувајте дека размазените девојки им се досадни на мажите.

Премногу сте сериозни

Смеењето е добро за вашето расположение, а воедно ве прави да изгледате попривлечно. Мажите сакаат да бидат со среќни жени.

zenski-karakteristiki-koi-gi-odbivaat-mazite-5

Премногу озборувате

Секој повремено озборува, но ако вие секогаш први ги имате најсочните информации за сите ваши пријатели и пријателки, по некое време партнерот ќе се запраша дали може да ви верува дека еден ден нема и за него така да зборувате и ќе посака да расчисти со вас.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg