Во што е разликата помеѓу среќните и несреќните парови?

Според новата студија, жените значително почесто од мажите, за проблемите во врската го обвинуваат партнерот, а истражувањето покажало дека паровите кои што разговараат за проблемите се многу посреќни. Најчести причини за расправија во врската се парите, алкохолот и поранешните партнери.

vo-sto-e-razlikata-pomegju-srekjnite-i-nesrekjnite-parovi

Жените, многу почесто од мажите, го обвинуваат партнерот за проблемите во врската, покажала студијата, а стручњаците утврдиле и дека оние кои што се незадоволни од односот со партнерот повеќе време поминуваат размислувајќи како се несреќни и лути, додека среќните парови разговараат за проблемите.

Професорката за комуникација на Универзитетот во Тексас, Анита Вангелисти, која била на чело на ова истражување вели:

- Кај среќните парови додека едниот партнер размислува за расправијата, за причината за несогласувањето или лутината, другиот почесто се насочува кон размислувањето како да го реши проблемот и да го разбере својот партнер.

Професорката Вангелисти вели дека мислите кои што ги имаме во текот на расправијата го одразуваат и го обликуваат нашето лично задоволство од врската и може да делуваат на среќата на партнерот.

Истражувањето е спроведено на 71 млад невенчан пар кои биле во врска најмалку три години. Резултатите на истражувањето покажале дека паровите најчесто се караат поради пари, бивши партнери, консумација на алкохол и поради пријатели и роднини кои не ги одобруваат нивните врски.

Истражувањето покажало и дека паровите кои што се во несреќни врски во текот на рапсравијата не сакаат да го сменат своето мислење, ниту да попуштат па многу често ја менуваат темата за расправија. Исто така нивните расправии за истите проблеми често се повторуваат.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg