Зошто жените некогаш не се расположени за секс?
Главоболката понекогаш е навистина главоболка, а ако не е, женските причини за одбивање на сексот сепак постојат.
Мажите често пати мислат дека жените измислуваат причини поради кои одбиваат секс. Сепак тоа не е соодветно размислување бидејќи жените сакаат секс. Ако го одбиаат, значи дека посотјат вистински причини за тоа.
Еве некои почести причини поради кои жените не се расположени з асекс.
ПМС
Колку и да им е тешко на мажите да го разберат, ПМС-от постои, го предизвикуваат хормоните и не е пријатно искуство. Многу жени страдаат од ПМС и во тој период се тажни, раздразливи, лути.... Не треба да се заборави и на физичките симптоми кои се јавуваат, како надуеноста, болките во стомакот, градите...
Решение: Во такви околности на жените не им е до секс, но сакат нежности и љубов.
Проблеми во врската
За разлика од мажите кои знаат јасно да го одвојат сексот од емоциите, повеќето жени емоциите се важен дел од сексот. Затоа ако постојат било какви проблеми во врската кои на жените им праќаат сигнали дека нешто не е во ред, дека е нарушен односот, жената ќе одбива секс.
Решение: Наместо инсистирање на секс, треба да се инсистира на разговор кој ќе ги реши проблемите.
Здравствени проблеми
Кога жената ќе почне да чувствува одредени здравствени проблеми, сексот е првата жртва што паѓа. Ако ја боли главата, стомакот, рамениците, вратот или било кој друг дел од телото, тешко дека ќе размислува за секс.
Решение: По тоа прашање и жените и мажите се еднакви, па затоа се има поголемо разбирање.
Умор
Семејните и деловните обврски, домашните работи, грижата за децата, сопругот, помагањето на родителите, редовното купување, превозот, решавањето на тековните проблеми... Денес има многу работи кои што треба да се завршат, па во тие околности на жените не им е до секс.
Решение: Жената треба да има повеќе слободно време, па на сите ќе им биде убаво.
Лош секс
Оваа причина најмалку им се допаѓа на мажите, но тоа не значи дека не е вистинита. Некои жени не се расположени за секс поради едноставна причина – не им се допаѓа сексот со партнерот. Ако мажот секогаш ги повторува истите работи кои не и се допаѓаат на жената, таа почнува да одбива секс.
Решение: Искрен разговор и обид да се усогласат желбите и потребите.