Како да одржите врска на далечина?

Секоја врска бара труд, а често пати носи и одредени проблеми, а физичката оддалеченост сигурно не е еден од факторите кои ја олеснуваат ситуацијата. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да си ја сочувате врската на далечина без поголеми потреси.

kako-da-odrzite-vrska-na-dalecina-1

Дефинирајте ја сериозноста на врската

Врската на далечина бара жртва, но ако навистина сте убедени дека сте створени еден за друг, тоа не би требало да ви биде проблем. Пред да се впуштите во ваква врска, мора да ги дефинирате  условите. Дали врската ќе биде моногамна или ќе си дозволите да се гледате и со други, е првата работа која треба да ја решите за да подоцна немата непотребни кавги и љубомора.

Избегнувајте тајни

Искреноста е важна за било која релација, а посебно за ваква врска на далечина. Бидете отворени ако сте несигурни околу нешто, кажете јасно што ве мачи и од што се плашите. Искреноста многу ќе значи за понатамошниот однос и може да ги продлабочи љубовните чувства.

Изненадувајте се еден со друг

Рутината е поприсутна во врските на далечина, бидејќи точно знаете кога ќе се слушнете, кога ќе се видите, а тоа мора однапред да се испланира и на тој начин се губат новостите.

Не дозволувајте тоа да се случи. Изненадувајте се еден со друг одвреме – навреме со некоја еротска порака, телефонски секс или ненадејна посета (која е најдрагоцено изненадување.)

Разговарајте секојдневно

Секојдневната комуникација во врските на далечина е неопходна. Имате телефон, пораки, скајп, па нема причина да не си го споделите денот со партнерот, бидејќи тоа ќе ја одржува врската во живот. На тој начин партнерот ќе биде во тек со вашите случувања, па ќе има постојано за што да разговарате.

kako-da-odrzite-vrska-na-dalecina-4

Не го запоставувајте сексуалниот живот

Тоа што не заспивате во ист кревет секоја вечер, не значи дека и вашиот сексуален живот треба да трпи. Напротив, искористете ја далечината да се стимулирате еден со друг ментално, поттикнете ја фантазијата. Натерајте го партнерот додека зборувате по телефон да се запраша што носите на себе и што би ви правел ако сега сте во близина.

Планирајте што почести посети

Ако е тоа возможно, бар еднаш месечно. Знаете колку е возбудливо кога некој со кој сте излегле на прв состанок ќе ве праша кога ќе се видите пак? Направете така да биде и овој пат. Не дозволувајте посетата да заврши без да се испланирате кога ќе се видите пак.

Праќајте си подароци и писма

СМС, Фејсбук, Скајп се начини на комуникација кои го олеснуваат одржувањето на врската, но како функционирале праовите во минатото кога не постоел интернет и телефонија. Со помош на хартија и молив, нормално.

 Физичката близина е она што ви фали во ваквата врска, а парчето хартија на кое се испишани реченици лично од вашиот партнер, е многу подрагоцено од часови седење на скајп.

kako-da-odrzite-vrska-na-dalecina-3

Верувајте си еден на друг

Ако добро го познавате партнерот, покажете разбирање. Ако ви рекол дека ќе ве бара во 18 часот, а веќе е 19, немојте одма да паничите и да мислите на најлошото. Поверојатно е дека се задржал на работ , отколку дека отишол на пијалок со некоја девојка. Замрзнете си ја бујната фантазија.

Негувајте го својот друштвен живот

Сабота е навечер а вие со вашето куче гледате телевизија бидејќи вашиот партнер е на друг континент. Ова не смее да ви се случи. Неопходно е и двајцата во своите градови да имате изграден социјален живот, за да си го задржите чувството на самостојност и сигурност. Излезете со пријателите и наредниот ден ќе имате за што да зборувате.

Поставете си цели

Колку долго може да функционира врската на далечина? Тоа е индивидуално и зависи од многу работи, но не може да трае вечно. Еден ден ќе мора да живеете во ист град. Вербата дека еден ден ќе живеете заедно и ќе се будите во ист кревет нека биде вашето светло на крајот од тунелот.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg