Каде грешат жените во спалната соба?

Жените живеат за да заведуваат, но понекогаш не им оди од рака. Општо е познато дека секогаш треба да ја освежувате врската и во неа да внесувате колку што е можно повеќе новитети.

kade-zenite-gresat-vo-spalnata-soba-01

Меѓутоа, некои чекори кои жените ги превземаат и практикуваат немаат никаков ефект и се потполно погрешни.

Еве што би требало да избегнувате во креветот, за да не ја убиете страста кај вашиот маж.

Не се правете недостижна

Ниедна жена не би требало непромислено да се нафрли на мажот, но тешкото и комплицирано одолговлекување на сексот никогаш не пали. Љубовната игра не е игра на моќ, туку игра на задоволство и уживање.

Глумење оргазам

Мажите сакаат кога жените гласно го искажуваат своето задоволство, но не постојано. Не сте во еротски филм, па затоа нема потреба гласно да го лажирате врвот на задоволството.

Фалење на секс вештините

Никогаш гласно не зборувајте за своите способности и вештини. Фалењето е строго забрането, па дури и ако сте најдобрата љубовница на целиот свет.

Не го чекајте првиот чекор

Мажите не сакаат пасивни и мрзеливи жени кои секогаш чекаат играта сама од себе да започне. Тргнете барем еднаш вие во акција и ќе бидете сведок на вистинско одушевување.

kade-zenite-gresat-vo-spalnata-soba-1

Секс за туѓо задоволство

Доколку не сте заинтересирани за секс таа вечер, немојте да го практикувате. Нема ништо полошо од секс на сила. Тоа едноставно води до пропаст, колку и да ви се добри намерите.

Депилација

Сметате дека на мажите поважен им е изгледот од целиот тек на настаните? Се лажете. Доколку се чувствувате привлечно и сакате секс таа вечер, влејте си голема доза на самодоверба и уживајте - тој може и да не забележи доколку доволно го возбудите.

Не повторувајте дека сте дебели

Никогаш не повторувајте дека сте премногу дебели или слаби, посебно ако не сте. Ништо нема да добиете освен нервозен маж кој е изморен од вашата ниска самодоверба.

Детски разговор

Имитирањето на детски гласови и зборови нема никако да ви помогне. Заборавете на детското зборување, не звучи воопшто секси. Напротив, не сакате да чувствува како да е во кревет со малолетно девојче.

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg