8 нови трендови во сексот и љубовта

Често се среќаваме со трендови во модата, убавината и многу други полиња. Постојат и трендови кои се однесуваат за машко - женските односи. Бидејќи сега е време на сосема нова тенденција во таа насока, набројуваме осум трендови.

8-novi-trendovi-vo-seksot-i-ljubovta

Крај на онлајн забавувањето
Бројот на сајтови за запознавање се намалува и се повеќе луѓе ги бришат своите профили и членството во таквите онлајн групи. Истражувањата покажале дека само 9% мажи и понатаму се согласуваат на онлајн запознавање. Припадниците на двата пола повеќе сакаат да ја почувствуваат хемијата во живо.

Науката потврдила – вежбите доведуваат до подобар оргазам
Сега е и официјално потврдено дека со вежби жените можат да го подобрат своето сексуално искуство, а истовремено да одржат добра форма. Зајакнувајќи ги внатрешните мускули се поттикнува желбата за секс. Затоа одете во теретана, има повеќе причини за тоа.

Сексуалните играчки се се' побарани
Продажбата на сексуални играчки расте. Луѓето стануваат поподготвени да испробаат нови сексуални техники кои до неодамна беа табу тема.

Сексот како лек
Многу производители на сексуални помагала своите пратки ги пакуваат во необележани кутии. Маслата за масажа, романтичните свеќи и разните играчки може да дојдат на домашна адреса, а вашиот поштар да не знае што сте наумиле.

Посмели онлајн магазини
Жените се осврнуваат кон оние интернет страници кои не се „плашат“ отворено и слободно да пишуваат за сите актуелни теми во сексот. Кога ќе се соочат со дилема, сакаат брз одговор. Игнорирањето на проблемот не е решение. Единствена граница е пристојноста.

Онлајн советување
Секој од нас има некој пријател кого го прашува за безброј работи – зошто не се јавил, што значи неговата/нејзината порака.... Учествувањето на интернет форумите не е замена за пријателството во реалниот живот, туку негово дополнување.

Преправање дека е се' во ред со вашата врска
Постои дилема дали на старата љубов да и се даде нова шанса. Жените тоа го правеле и порано, но денес бројот на оние кои се подготвени со некогашниот партнер да почнат од почеток, расте. Повеќе од 50% и се враќаат на бившата љубов, додека за 20% жени ниту две прекинувања на врската не се доволна причина да не пробаат повторно. Стручњаците за ваквата „носталгичност“ ги осудуваат социјалните мрежи на кои припадничките на понежниот пол ги чуваат фотографиите од тие „среќни“ времиња. На нив сите делуваат среќно и задоволно, па често се прашуваат зошто го прекинале тој идиличен однос.

Сексуалната револуција се случува пред нашите очи
Луѓето храбро стојат зад својот љубовен избор. Не се плашат да ги покажат своите одлуки било да сакаат повозрасна или помлада жена или сакаат врска со помлад маж. Формалноста повеќе не се признава како единствено решение. Бракот не се напушта, но ако сакате поинаков вид на однос со саканата личност, сосема е во ред. Алтернативите едноставно мора да постојат.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg