Што би требале да знаат мажите, а што жените за сексот
Познатиот сексолог Трејси Кокс во едно свое истражување дошла до заклучок кој би можел да го подобри разбирањето помеѓу партнерите на взаемно задоволство.
Таа увидела дека еден од главните проблеми е недостатокот на комуникација и фактот дека мажите за сексот повеќе сакаат да разговараат со пријателите, а жените со другарките, отколку еден со друг. Таа им поставувала исто прашање и на мажите и на жените, а тоа е што сакаат да знаат за сексот. Па еве ги резултатите/одговорите на нејзиното прашање.
Што треба да знаат мажите
Зборовите се афродизијак за жените. Ако сакате повеќе секс разговарајте со партнерката.
Помогнете и околу домашните работи, ќе биде помалку уморна и ќе биде задоволна бидејќи ќе се чувствува како рамноправен партнер, а не како ваш роб.
Бидете нежни, бидејќи кожата на вашата партнерка е понежна и почувствителна од вашата.
Немојте да мислите дека сака само романтичен секс, понекогаш ќе биде расположена и за див секс.
Немојте да инсистирате на секс откако ќе ве одбие. Тоа уште повеќе ќе ве одбие.
Прифатете го и тоа дека најверојатно нема да може да постигне оргазам само со пенетрација па стимулирајте и го и клиторисот.
Што треба да знаат жените
Мажите и со сексот кажуваат „те сакам“.
Кога ќе одбиете секс со него, тој тоа го доживува како негово одбивање како личност. Бидете внимателни кон него поради тоа.
Мажот сака да му кажете точно што сакате и што ве возбудува.
Тоа што сака да проба некои нови пози не значи дека сте му досадни.
Мажите се визуелни типови и уживаат во порнографијата.
Не сакаaт да сте оптоварени со вашиот изглед и тело.
Ако се однесувате како да сте се согласиле на секс само поради него, тој ќе се налути и ќе се разочара бидејќи сака и вие да уживате исто како и тој.