Кој има подобар секс - паровите или слободните?
Дали оние кои се сингл имаат повеќе можности да доживеат големи еротски возбудувања само затоа што почесто спијат со нов партнер?
Или, сексот е подобар кога можете да го искусите галењето во кревет во недела наутро со личноста што ја сакате? За предностите и маните зборува Tracey Cox, сексуален терапевт.
Сексот без обврски може да ве направи смели во креветот, ако не сакате да се омажите/ожените за некого и знаете дека повеќе нема да го видите, чувството на забранета авантура може многу да ве возбуди.
Сексот, првиот пат е возбудлив – само затоа што претходно не сте биле заедно. И тоа е единствениот момент во кој сексот на самците го победува сексот на паровите – единствената предност на таквиот секс е во тоа што сè е потполно ново.
Главниот недостаток на сексот во врска или во брак лежи во фактот дека нема ништо ново и непознато. Затоа така често се влегува во неверство и обично епилогот е раскинување, бидејќи ретко кој сака да има секс со личност која постојано лаже.
Дури и ако во денешно време е прифатливо да се има секс за една ноќ, еден дел од луѓето мислат дека тоа не би требало да се прави, а тоа пак таквиот секс го прави бескрајно возбудлив.
- Сексот без обврски е себичен, двајцата сте во кревет само поради уживање. Таквиот секс е чисто физичко задоволство, а кога е сè готово, најчесто се чувствувате празно. Сексот на самците има врска со тоа каде се наоѓате во животот, како се чувствувате, што барате и што сакате – вели Tracey Cox.
Ако сте млади, се чувствувате секси, изгледате привлечно. Ако баш и не сте толку млади, се чувствувате дебело.
Иако сексот на слободните има свои предности, ако имате вистински партнер, тогаш сексот на паровите е вистинската работа. Иако можете да имате убав секс со личноста која не ја сакате, сексуалниот однос со личноста која ја сакате му дава на чинот ново значење.
Една од предностите на сексот кога сте сингл и ако имате лош секс е тоа што можете да си отидете и да се обидете среќата да ја најдете на друго место. Ако сте во брак или во врска – сте заглавиле.
Што мислите вие, кој секс е подобар?